Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тунева за НОВА ТВ: Мора да се инвестира во достоинствено новинарство

0
By Marija Todorovska on May 2, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 2, 2025 09:55

Медиумската слобода кај нас може да се спореди со кислород на голема надморска височина. Формално присутна, но премалку концентрирана за здив со полни гради.

Марија Тодоровска 

На 3-ти мај се одбележува Светскиот ден на слободата на медиумите, ден на кој ја истакнуваме важноста на независното новинарство и правото на вистинито информирање кои треба да се дел од секојдневната работа на новинарите. Разговаравме со д-р Марина Тунева, медиумска експертка и вонредна професорка на Институтот за комуникациски студии, за актуелната состојба на медиумите и слободата на изразување во земјава.

Нова: Како би ја опишале актуелната состојба на медиумите во нашата земја?

Тунева: Медиумскиот систем честопати наликува на архитектура со солидни темели, но со недовршен кров и скали што водат до ќор-сокаци. Имаме инфраструктура на медиумски плурализам, формално постојат многу гласови, но тие ретко се среќаваат во вистинска дебата.

Од една страна, имаме новинари со висока професионална етика, кои работат со исклучителна посветеност и покрај ограничените ресурси и притисоците. Од друга страна, медиумската сцена е ранлива, под влијание на политички центри, бизнис интереси и новите алгоритамски сили што го моделираат вниманието и приоритетите.

Во ерата на вештачката интелигенција, тоа значи дека сè повеќе се губи улогата на уредникот како чувар на јавниот интерес, а се зајакнува логиката од типот „вреди тоа што се клика многу“.

Нова: Како го оценувате нивото на медиумските слободи и слободата на изразување?

Тунева: Медиумската слобода кај нас може да се спореди со кислород на голема надморска височина. Формално присутна, но премалку концентрирана за здив со полни гради. Не станува збор толку за забрани, колку што се присутни одредени, постојани, форми на притисок: економска зависност, неформално влијание, култура на автоцензура и нормализирање на стравот.

Новинарите сè почесто се соочуваат со „тивка корозија“ на слободата преку изложеноста на постојан стрес, несигурност, експлоатација, па и отсуство на задоволителна институционална заштита. Во споредба со медиумските системи во западна Европа, кај нас сè уште се води борба за основната слобода, не само да се објави нешто, туку и тоа да биде слушнато, разбрано и заштитено од потенцијални реперкусии.

Нова: Кои се вашите препораки за унапредување на медиумите и зајакнување на медиумските слободи?

Тунева: Прво, мора да престанеме да ја третираме медиумската слобода како декларативна вредност и конечно да почнеме да ја негуваме како есенцијален јавен ресурс.

Мора да се инвестира во достоинствено новинарство преку одржливи модели на финансирање што ќе бидат отпорни на партиски и бизнис влијанија. Новинарите не се волонтери на демократијата, тие мора да имаат услови да живеат од својот труд, а не само да опстануваат во него.

Понатаму, неопходно е да се спречи алгоритамската логика да стане новиот принцип на уредување на содржините. Вештачката интелигенција не смее да биде алатка за манипулација и генерирање содржини на лесен начин, туку треба да биде под силен етички надзор и човечка контрола.

Потребно е да се јакне и поддржува медиумската саморегулација заради транспарентност и доверба во медиумското информирање, а тоа да не се прави само со декларативни изјави.

Конечно, да се продолжи со инвестиции во едукацијата за градење на вештините за медиумска и дигитална писменост, за сите генерации. Само информиран и критички опремен граѓанин може вистински да се заштити од дезинформации и пропаганда.

Затоа, би рекла дека без систем што ги штити фактите, секоја демократија ќе биде ранлива на популизмот и дезинформациите. Медиумската слобода не е привилегија, таа е основа на секоја слободна мисла и прва линија за одбрана на вистината.

3 мај демократија марина тунева новинари Светски ден на слобода на медиумите
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.