Author: Marija Todorovska
Денеска во Министерството за здравство се одржа првата конститутивна седница на Здравствениот совет, на која присуствуваше и министерот за здравство, Азир Алиу.
Денеска бевме на судење за медицинскиот предмет во кој се сослушуваа законските застапници на оштетените. Сметам дека повикувањето на вакви сведоци во постапката е нецелисходно, меѓутоа, тоа е единствениот начин на Јавното обвинителство да прикаже било што во оваа постапка, истакна бранителот на првообвинетиот во случајот „Онкологија“ Нино Васев, денеска, во изјава за медиумите по одржувањето на судското рочиште на кое беа сослушувани сведоци на Обвинителството.
Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска, со сведоци на Основното јавно обвинителство продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и тројца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти. Сведокот Јулија Мациевска, мајка на починатата Адријана Начевска, одговарајќи на прашања од страна на Обвинителството ја раскажа голготата која нејзината ќерка ја поминала откако започнала со лекување на Клиниката за онкологија во септември 2020 година.
Итна изградба на „ѕид против дронови“ долж источното крило на ЕУ, бара европскиот комесар за одбрана
Европскиот комесар за одбрана Андриус Кубилиус денеска повика на итна изградба на „ѕид против дронови“ долж источното крило на Европската унија, откако руски дронови утрово влегоа во полскиот воздушен простор.
Атина: Зад кражби на четири автомобили, еден мотор, пари и накит од туристички сместувачки капацитети и од туристи на плажи на Халкидики во периодот јули – септември стојат две лица, грчки државјани од кои едниот е уапсен, а другиот идентификуван.
Како пропагандата ги замаглува фактите, ги брише жртвите и ја изопачува историјата.
Јас ќе го повторам барањето, дека овој надзор се прави од интерес на јавноста и на граѓаните и тие треба да ни бидат императив во нашето работење како пратеници, како претставници на народната власт. Не знам дали Агенцијата за национална безбедност ќе има слух, да изврши деласификација или делумна декласификација, се во интерес за да можеме во детали да ѝ соопштиме на јавноста, вели пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска во изјава за медиумите.
Комисијата за надзор на АНБ и АР денеска ќе ја посетат АНБ, а утре АР и ќе ги разгледаат документите
Членовите на Комисијата за надзор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање (АР) кои имаат безбедносен сертификат ќе ја посетат АНБ и ќе ги разгледаат документите кои ќе им бидат доставени. Ова денеска беше одлучено на матичната собраниска комисија.
Десетиците илјади заробени и загрозени украински деца однесени во Русија, кои се принудени да ги негираат своите идентитети и чија судбина останува непозната, мора да се вратат во Украина, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во годишното обраќање за „Состојбата на Европската Унија“ пред европратениците.
Претседателот на Полска, Карол Навроцки најави свикување на Националниот совет за безбедност во следните 48 часа. Неговата одлука уследи по синоќешното нарушување на полскиот воздушен простор за време на рускиот напад со дронови врз западна Украина.
Во јули година се издадени 401 одобрение за градење, што е за 7.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Безбедноста на полскиот воздушен простор е стабилизирана, а нивото на закана се врати во нормала, соопшти оперативната команда на полските вооружени сили.