Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен: Секое киднапирано дете од Украина мора да биде вратено

0
By Marija Todorovska on September 10, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 10, 2025 12:55

Десетиците илјади заробени и загрозени украински деца однесени во Русија, кои се принудени да ги негираат своите идентитети и чија судбина останува непозната, мора да се вратат во Украина, порача претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во годишното обраќање за „Состојбата на Европската Унија“ пред европратениците.

 Мораме да направиме се што е во наша моќ за да ги поддржиме децата на Украина. Затоа можам да објавам дека, заедно со Украина и другите партнери, ќе бидам домаќин на Самит на Меѓународната коалиција за враќање на украинските деца. Секое киднапирано дете мора да биде вратено, рече Фон дер Лајен.

Потенцирајќи дека народот на Украина се бори за својата слобода и независноста, таа истакна дека војната треба да заврши со праведен и траен мир, затоа што украинската слобода е и слобода на Европа.

Ќе продолжиме да ги поддржуваме сите дипломатски напори за завршување на оваа војна. Но, сите видовме што Русија подразбира под „дипломатија“. Путин одбива да се сретне со претседателот Зеленски, рече Фон дер Лајен.

Таа потенцира дека руските напади со дронови и балистички ракети врз Украина се интензивираат, а денеска „видовме неодговорно и невидено кршење на воздушниот простор на Полска и Европа од страна на повеќе од 10 руски беспилотни летала“.

Европа е во целосно солидарна со Полска. Пораката на Путин е јасна и нашиот одговор мора да биде јасен. Ни треба поголем притисок врз Русија да дојде на преговарачка маса. Ни требаат повеќе санкции. Сега работиме на 19-тиот пакет во координација со партнерите, додаде претседателката на ЕК.

Според неа, товарот од трошоците од руската агресија врз Украина не треба го носат само европските даночни обврзници и бидејќи ова е војна на Русија, таа и треба да плати за неа.

Затоа треба итно да работиме на ново решение за финансирање на воените напори на Украина врз основа на замрзнатите руски средства. Со профитите поврзани со овие руски средства, можеме да и обезбедиме на Украина Заем за репарација. Украина ќе го врати заемот само откако Русија ќе ги плати репарациите. Парите ќе ѝ помогнат на Украина уште денес, но ќе бидат клучни и на среден и на долг рок за безбедноста на Украина, рече Фон дер Лајен.

Таа најави и нова програма за инвестиции во капацитетите на украинските вооружени сили, наречена Квалитативна воена предност.

Мораме да ја искористиме нашата индустриска сила за да ја поддржиме Украина да се спротивстави. Затоа можам да објавам дека Европа ќе обезбеди однапред шест милијарди евра и ќе влезе во Алијанса за беспилотни летала со Украина. Украина има генијалност. Она што и е потребно сега е обем. Заедно, можеме да го обезбедиме тоа со цел Украина да ја задржи својата предност, а Европа да ја зајакне својата, додаде Фон дер Лајен

дон дер лајен Европска комисија ЕУ Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 6, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

ВЕСТИ July 6, 2026

 Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изрази оптимизам за напредокот кон завршување на војната во…

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

July 5, 2026

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.