Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Продолжи судењето за Онкологија: Сведочеше мајката на починатата пациентка

0
By Marija Todorovska on September 10, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 10, 2025 14:21

Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска, со сведоци на Основното јавно обвинителство продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и тројца онколози обвинети за несовесно лекување пациенти. Сведокот Јулија Мациевска, мајка на починатата Адријана Начевска, одговарајќи на прашања од страна на Обвинителството ја раскажа голготата која нејзината ќерка ја поминала откако започнала со лекување на Клиниката за онкологија во септември 2020 година.

На прашање дали на нејзината ќерка ѝ биле правени испитувања пред примање на терапијата, Мациевска рече дека ѝ била направена само крвна слика, но никогаш не ѝ била измерена телесната тежина. За тоа кога за првпат забележала дека ѝ се влошува здравствената состојба на нејзината ќерка, Мациевска рече „откако започна со примање на имунотерапии“.

Додека ги примаше хемотерапиите имаше навистина тешки состојби, буквално експлозија на организмот … На Адријана никогаш не ѝ беше измерена телесна тежина, сега прочитав дека тоа морало да се направи. Секако дека јас алармирав за состојбата, бидејќи имав телефон и од Нино и од Мери, но одговорите беа дека тоа е нормално после секоја терапија и дека ќе ѝ помине. Адријана толку многу веруваше што кога ќе отидевме на Онкологија ние во доктор Нино гледавме господ. Не можам да кажам дека тие на почетокот не беа љубезни. Ги истуркавме хемотерапиите некако и таа се крена, дури спреми цела изложба, сѐ додека не почнаа тие имунотерапии, рече Мациевска.

Со секоја следна имунотерапија, додаде, симптомите биле сѐ посилни, но, рече,  и покрај нејзините реакции Васев продолжил со давање имунотерапии нагласувајќи дека тоа е „превентивно и е најприродна биолошка терапија“.

Доктор Нино рече дека ќе продолжиме со имунитерапии превентивно и дека тоа е најприродна биолошка терапија. Уште по првата терапија Адријана имаше реакција која што не беше добра, им кажав дека не е добра … Со секоја следна симптомите ѝ беа и тоа како силни, јас реагирав постојано дека мора да се прекине со тие имунотерапии … Кога првпат отидовме на Гастро, докторот таму ми вика „дали вие знаете каква е состојбата на вашето дете, таа не е добро, црниот дроб е оштетен и има вештачки метастази од неадекватна терапија“, сведочеше Мациевска и додаде дека на Клиниката за гастроентерохепатологија ѝ било посочено дека тие вештачки метастази се добиваат од неадекватна терапија.

Понатаму, сведокот се осврна кон карактерните особини на Васев, нагласувајќи дека во текот на лекувањето заедно со нејзината ќерка положувале силна доверба кон Васев.

Нино Васев има една црта што изгледа ноншалантно и авторитетот го наметнува на свој начин, а кога ќе сака да си ја тргне одговорноста прави шеги и ќе ти го одвлече вниманието. На почетокот верувавме, но како мајка која е многу свесна, едноставно јас го прашувам нешто сериозно, а тој го одбегнува моето прашање. Моето дете сакаше и веруваше дека ќе биде добра … Од оваа дистанца, Нино Васев мртов ладен се слика со нас, ни кажува вицови за некоја плавуша во Драчево, но тоа мене не ме интересира кога детето ми е болно и во лоша здравствена состојба. Последната недела кога се боревме ги немаше никаде и Нино и Мери … Таа не умре од канцер на дојка, туку ја убија со тие хемии. Мене пари не ми требаат, јас го изгубив моето дете, ќе бараме материјална оштета и ќе ја донирам. Се приклучувам и кон кривичниот прогон, затоа што знаел што прави, но некаде по пат ја изгубил човечноста, сведочеше Мациевска.

Денешното рочиште продолжи без второобвинетета Мери Пешевска која призна вина. Васев и двајца обвинети Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, на минатото рочиште пред Судот негираа вина.

Васев на минатото рочиште пред Судот рече дека не се чувствува за виновен и реагираше дека „се дозволило во постапката вешто лице што тој го сменил од директор на Клиниката во 2017 година“. Според неговата одбрана, пак, против Васев се води „некој вид на заговор“ и најави дека во целост ќе се спротивстават и побијат доказите на Обвинителството преку основани и цврсти докази, вклучително и вештачења и вербално сослушување на докторите од Србија и Словенија, кои ги изработиле вештачењата на Обвинителството.

Судскиот процес го води судијката Снежана Марковска.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Васев Онкологија судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.