Author: Marija Todorovska
Денеска верниците од исламската вероисповед го слават Рамазан Бајрам.
Скопје: Јавниот превоз сообраќа по неделен возен ред за време на продолжениот викенд поради верскиот празник Рамазан Бајрам. Денеска дежурни билетарници и центри за персонализација се оние кај Транспортен центар и кај Зелен пазар.
Денеска верниците од исламската вероисповед го слават Рамазан Бајрам, крајот на светиот месец Рамазан за време на кој верниците постеа. Рамазан е еден од Петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвораат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии — духовна, морална, солидарна и здравствена. Пост Рамазан Бајрам е празник кој го одбележува завршувањето на месецот Рамазан, месец во кој муслиманите практикуваат пост (саум). Постот почнува со изгрејсонце (сахур)…
Славјанка Петровска: Генерално, она што во моментов се случува на македонската политичка сцена личи на сцени од евтина филмска продукција. Простете, но нивото на политичка култура во дебатите, во давањето изјави, во меѓупартиската комуникација е под секое ниво. Поголемиот број на носители на високи државни должности, се обземени со самобендисаност и ароганција, пренагласената употреба на жаргони и уличен речник, а за жал и некои колеги од опозицијата не заостануваат. И тоа негативно влијае на севкупниот амбиент, но и има негативни ефекти врз младите генерации. Линк Драган Секуловски: Интернет порталите претставуваат значаен чекор напред во развојот на новинарството, бидејќи нудат поголема…
Претседателот на Сојузот за синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најави дека на 2 април ќе одржат протест на улиците во Скопје. Ова доаѓа откако во вторникот Владата ја усвои информацијата дека минималната плата ќе се зголеми за 1.800 денари во нето износ, а според ССМ, одлуката е незаконска.
Нови осум пациенти повредени во пожарот во Кочани од скопските клиники се пуштаат на домашно лекување, а деветмина се враќаат од странство, информира денеска на прес-конференеција министерот за здравство Арен Таравари.
Во Турција се приведени уште двајца новинари кои ги следеле протестите против апсењето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, објави турскиот портал „Герчек Ѓундем“.
ајмалку 20 лица загинаа во Мјанмар и три во Тајланд во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди централниот дел на Мјанмар и беше почувствуван низ Југоисточна Азија, пишува „Њујорк Тајмс“.
Европската Унија нема намера да обрнува внимание или да ја коментира пропагандата на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролката на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.
Обилните врнежи од дожд што паднаа во текот на ноќта во Унско-санскиот кантон во северозападниот дел на Босна и Херцеговина доведоа до значително зголемување на нивото на реките и поплави во некои области, јавија босанските медиуми.
По најавата на лидерот од опозициската СДСМ Венко Филипче дека следната недела во Собранието ќе иницира лидерска средба по пожарот во Кочани, денеска од Владата велат дека кај нив нема стасано официјално барање, ниту пак иницицијатива од СДСМ, но дека Владата и премиерот се отворени за секаков предлог и иницијатива која има за цел да помогне.
Хунтата во Мјанмар прогласи „вонредна состојба“ низ целото подрачје на центарот на земјата, вклучително и во вториот по големина град Мандалеј и главниот град Најпидау.
