Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Само Украинците одлучуваат за избори во нивната земја, ЕУ не сакаат да ја коментираат пропагандата на Путин

0
By Marija Todorovska on March 28, 2025 ВЕСТИ
Фото: euneighbours.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 28, 2025 13:52

 Европската Унија нема намера да обрнува внимание или да ја коментира пропагандата на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска портпаролката на ЕК за надворешни работи и безбедносна политика Анита Хипер.

Запрашана за коментар на ЕУ на предлогот на Путин за ставање на Украина под времена администрација на ОН, со цел да се овозможи одржување нови избори во земјата, Хипер изјави дека рускиот претседател е криминалец по кога е распишана меѓународна потерница и ЕУ нема да обрнува внимание или да коментира какви било прашања поврзани со неговата пропаганда.

Погледнете ги фактите. Факт е дека имаме агресор, ја имаме Украина, која не покажува ништо друго освен добра волја за мир и тука сме ние со нашата поддршка за Украина. Нашиот фокус е да се осигураме дека ќе имаме праведен и траен мир, рече Хипер.

Главната портпаролка на Европската комисија, Паула Пињо додаде дека претседателот на Украина, Володимир Зелински е легитимно и демократски избран и дека се додека украинскиот народ не бара нови избори, никој друг не може да предлага нешто такво.

Претходно, Советот за национална безбедност на Белата куќа реагираше на изјавата на Путин, истакнувајќи оти управувањето на Украина го одредува нејзиниот Устав и народот на земјата, изјави портпаролот на коментирајќи ги изјавите на рускиот претседател Владимир Путин, кој предложи воспоставување привремена администрација во Украина.

Путин го изнесе предлогот за ставање на Украина под администрација на ОН вчера за време на состанокот со војници на нуклеарна подморница во руската базата во Архангелск.

Таква практика постои и во принцип, се разбира, може да се разговара за можноста за привремена администрација на ОН со САД, европските земји и, се разбира, и со нашите партнери и пријатели, рече Путин.

Целта на таа времена администрација, според него, би била да се одржат демократски избори по кои „на власт ќе дојде влада способна да работи на мировен договор“. – Потоа ќе почнеме преговори за мировен договор, ќе потпишеме легитимни документи кои се признати во светот и се безбедни и стабилни, рече Путин.

Редовниот мандат на Зеленски заврши во мај 2024 година, но не може да се закажат избори поради воената состојба која е во сила веќе три години. Парламентот на Украина во февруари усвои резолуција, со која се потврдува легитимноста на Зеленски со јасно мнозинство. Многумина во Украина веруваат дека одржувањето на избори во услови на тековниот конфликт би било непрактично и нефер, бидејќи би било тешко да се обезбеди учество на војници и раселени цивили. На меѓународно ниво, Зеленски и понатаму е признат како претседател.

Зеленски избори ОН Путин Русија Украина Устав
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.