Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари: Уште осум повредени од пожарот во Кочани пуштени на домашно лекување, а девет се враќаат од странство

0
By Marija Todorovska on March 28, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, March 28, 2025 14:34

Нови осум пациенти повредени во пожарот во Кочани од скопските клиники се пуштаат на домашно лекување, а деветмина се враќаат од странство, информира денеска на прес-конференеција министерот за здравство Арен Таравари.

На клиниките во Скопје, според него, ќе останат само 14 пациенти, додека на лекување во странство остануваат 91 пациент. Осумте пациенти кои денеска треба да стигнат, тројца од Унгарија, двајца од Италија и по еден од Атина, Белград и Шведска, според протоколите на Кризниот штаб, ќе останат најмалку 24 часа на скопските клиники на дополнителни проверки. Една пациентка од Бугарија, појасни, веќе е во хотел и оди само на амбулантски прегледи.

 И за четворицата критични пациенти добиваме добри вести, дека иако се сеуште во тешка состојба, но во подобрена во однос на вчерашниот ден. Оптимисти дека и тие ќе почнат да се подобруваат, да нема други компликации. Одредени лабараториски параметри покажуваат дека има подобрување, изјави Таравари.

Тој најави дека утре треба да се вратат нови двајца пациенти по еден од Литванија и Шведска, а во меѓувреме може да се донесе одлука и за други.

На Клиниката за токсикологија, додаде министерот, има шест пациенти, двајца се на пластична хирургија , шест во стара Градска болница, пет во „8 Септември“ и тројца во приватната болница „Систина“.

Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев појасни дека шесте пациенти кои се на Клиниката во моментот се оние кои вчера се вратија од лекување во странство и оти кај сите токсиколошките анализи биле во референтни вредности.

Сите се во добра општа здравствена состојба со стабилни клинички параметри. Денеска земавме дополнителни клинички иследувања кои се нормални. Тројца пациенти се со инхалаторни повреди стабилни, другите имаат и инхалаторни и изгореници, кои се во санација, згрижени се. Сите се видени од токсиколог, анестезиолог и психијатар, согласно нашиот став од Кризниот штаб и денеска сите ќе ги пуштиме дома со одредени препораки. Дел од нив ќе треба да дојдат и на котрола во наредните денови, истакна Чибишев.

Таравари уште еднаш повтори дека лекувањето на пациентите од пожарот во Кочани во земјава и странство е бесплатно.

Ќе повторам за сите пациенти лекувањето е бесплатно. За сите пациенти за двајца членови од семејствата е обезедено авионска карта или ако отишле со друг транспорт и сместувањето. Владата ги покрива сите трошоци на сите пациенти од лекување, престој на родителите и транспорт на пациентите и на родителите во двата правци. Комплетно се е покриено, потврди Таравари.

Финансиска проценка за тоа колку ќе чини процесот на лекување на пациентите во странство Министерството немало, но Таравари нагласи дека пациентите нема да платат ниту еден денар. Деведесет и девет отсто од трошоците, според него, се покриени од државите кои им помогнале, а мал процент ќе покрие Фондот за здравство.

Во однос на недостатоците на здравствениот систем во земјава, тој забележа дека во светот не постои идеален здравствен систем, но и оти покрај наследените недостатоци успеале релативно добро да ја изменаџираат состојбата со пациентите настрадани од пожарот во Кочани, нагласувајќи дека немало мртви по 11 дена од трагедијата. Посочи  дека идната недела ќе почнат да се тестираат 200-250 специјализанти, 1.200 медицински сестри и друг помошен персонал, а недостигале и околу 100 амбулантски возила.

Оваа ситуација ни покажа дека Клиничкиот центар треба да биде интегриран. И затоа набргу ќе инсистирам во координација со сите релевантни политички фактори барем да почнеме со хирургија, а потоа цел Клинички центар да биде една единица. Многу подобро би се организирале да имаме еден диригент отколку десет, заклучи Таравари.

За отварање на центар за изгореници кажа дека разговарале со директорот на „8 Септември“, ковид центарот да биде пренаменет, но за тоа дополнително биле потребно човечки ресурси.

Министерот информира и дека со двата синдикати за здравство денеска потпишале спогодба во однос на коефициентот за исплаќање на платите, проблем за кој преговарале и во 2017 година.

Арбен Таравари Кочани пациенти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 18, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

ВЕСТИ June 18, 2026

Доналд Трамп потпиша договор од 14 точки со Иран, тврдејќи дека тоа донело „голема победа“…

Блумберг: Договорот меѓу ДСАД и Иран во 14 точки е голем триумф на Иран и Сериозен удар за Израел

June 17, 2026

Европскиот парламент го изгласа извештајот за Македонија – задржан е спорниот дел за историјата

June 17, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.