Author: Marija Todorovska

Студентите утрово се собраа во близина на Блискоисточниот технички универзитет во Анкара да прочитаат соопштение, а потоа да маршираат, но полицијата употреби бибер спреј и водени топови за да ги растера демонстрантите.

Read More

Таравари во изјава за медиумите информираше дека денеска ќе бидат пуштени на домашно лекување девет пациенти од установите во Скопје, а од странство се враќаат осум пациенти.

Read More

Владата објави тендер за избор на фирма која треба да изработи софтвер за оцена на медиумското влијание и ќе овозможи да се прави оценување на објавените вести дали се позитивни, негативни или неутрални.

Read More

Нов началник на Секторот за внатрешни работи во Штип е Бојан Величковски, а Игор Јаковлевски е новиот началник на ОВР Кочани. Промените се направени по пожарот во дискотеката во Кочани, во која загинаа 59 лица.

Read More

Директорот на Центарот за истражување и анализи на СДСМ Јон Фрчкоски се повлече од функцијата во партијата откако денеска ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција излезе со информација дека користи наркотички супстанци.

Read More

Истрагата е се уште во тек и во овој момент можам да се повикам на она што го имаме како соопштение од Министерството за внатрешни, изјави денеска портпаролката на Владата на Република Северна Македонија, Марија Митева, која одговараше на новинарски прашање за случајот со приведувањето на поранешниот директорот на ЈП за државни патишта, Ејуп Рустеми.

Read More

Во врска со реакциите за неодамнешната одлука за одложување на активностите на Собранието минатата и оваа недела, сакаме да појасниме дека Собранието на Северна Македонија и пратениците работеа и продолжуваат да работат. Откажани се пленарните седници, комисиите и неколку други настани за кои е потребно присуство на медиумите. Оваа одлука е донесена консензуално со сите координатори на пратеничките групи, на координативната средба, во знак на солидарност по трагедијата во Кочани и за изразување почит кон жртвите, стои во појаснувањето што го испратија од Собранието до медиумите.

Read More

Турската полиција денеска уапси вкупно 106 лица во Истанбул во рамки на акција насочена кон учесници во протестите против апсењето на градоначалникот Екрем Имамоглу и високи членови на опозициската Републиканска Народна партија (ЦХП), пренесе Анадолија.

Read More

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација соопшти дека повела постапка по службена должност против ЈЗУ Психијатриска болница – Демир Хисар, ЈЗУ Психијатриска болница – Скопје и Министерството за здравство, за заштита од дискриминација на пациентите во здравствените установи, врз основа на здравствен статус, во областа пристап до здравствените услуги.

Read More

Првпат од 2012 година е донесена одлука за минималната плата без работниците. Владата сама одлучи, без да се разговара на Економско-социјалниот совет (ЕСС) и си донесе износ на минималната плата од 1 800 денари, рече денеска претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Read More

Постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, Владата ќе ја прекине и доколку добие мислење од страна на Советот на ЈО, односно истото нема да го прати до Собрание, изјави портпаролката на Владата Марија Митева.

Read More