Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателот на синдикатот на УПОЗ: Првпат без работниците е донесена одлука за минималната плата

0
By Marija Todorovska on March 26, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 26, 2025 14:40

Првпат од 2012 година е донесена одлука за минималната плата без работниците. Владата сама одлучи, без да се разговара на Економско-социјалниот совет (ЕСС) и си донесе износ на минималната плата од 1 800 денари, рече денеска претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деаноски.

Според Деаноски, Синдикатот на УПОЗ не е задоволен од Одлуката. Изгледа на Владата толку добро и оди што може, нагласи, да носи одлуки без синдикатите и работниците.

Ова, укажа Деаноски, не е покачување на платата, туку е усогласување што треба да го добијат сите работници во јавниот сектор, линеарно, со порастот на животните трошоци и порастот на просечната плата.

Првпат Владата сама си донесе одлука, првпат откога е воведена минималната плата, во 2012 година, за неа се одлучи без работниците. Имавме парола пред неколку години на 1 Мај дека не смее да се одлучува без работнциите, а, Владата, за жал, вчера на седница си донесе изноз на минималната плата од 1 800 денари, 2 200 денари не е точно, не знам зашто така кажа премиерот. Се донесе без да се разговара за платата на Економско-социјалниот совет, без да се одлучат и работниците и работодавачите и Владата. Првпат се случува ова и имајќи предвид во каква држава живееме, нема да биде ни последен пат. Апсолутно сме незадоволни од ваквата одлука на Владата. Ги знаете нашите барања и од нив не отстапуваме, потенцира претседателот на УПОЗ, одговорајќи на новинарски прашања.

Според него, небулозни се изјавите на Владата дека ќе дозволи работодавачите и синдикатите да се договорат, а потоа, ако треба, ќе ја покачи минималната плата.

Сакам да ја потсетам Владата дека е најголем работодавач во државата. Во јавниот сектор се вработени 129 000 работници од кои минимум 25 000 директно зависат од усогласувањето на минималната плата, што значи дека ова не е покачување на платата, ова е само усогласување што треба да го добијат сите работници во јавниот сектор, линеарно, со порастот на животните трошоци и порастот на просечната плата, напомена Деаноски.

Тој потсети дека УПОЗ е дел од ССМ и ако има протести, ќе учествува во нив.

УПОЗ е дел од ССМ како грански синдикат, а се наоѓаме во иста ситуација, и ние бараме репрезентативност, но не можеме да ја добиеме. Закажана е седница на Комисијата за репрезентативност во петок, што ќе се одлучи не можеме да знаеме. Во петок е закажана и седницата на претседателството на ССМ на која ќе се одлучува за натамошните чекори. Инаку, секогаш УПОЗ излегува со ССМ и едни од најбројните на протестите се токму членовите на УПОЗ.

минимална плата ССМ Трпе Деановски УПОЗ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.