Author: Marija Todorovska

Тито Петковски: Ако сакаме да се ресетира системот треба партиите да се согласат дека клучен во моментов е изборниот модел кој рефлектира ваква состојба во општеството, кусогледост и неодговорност на партиите зашто пратениците коишто сега ги избираат раководствата на партиите не ги претставуваат граѓаните туку партиите, а исходот е да се заштити партијата. Собранието треба веднаш да се распушти ако има одговорни луѓе во државата. Интелектуалци, млади, бизнисмени, невладини треба да извршат притисок зашто ова ни кажува дека Собранието не е народно Собрание, туку се случајни луѓе кои се нашле на списокот на лидерите на партиите и во Собранието ги…

Read More

Трагедијата во Северна Македонија повторно ја отвора дискусијата: за системи за откривање пожар што се деактивираат поради цигари, за опасните „фонтани“ со пиротехника, за бескрупулозните газди, кои ги затвораат излезите за итни случаи и за ослабените инспекциски служби, пишува онлајн изданието на грчкиот весник „То Вима“ што воедно е и еден од низата медиуми во земјата, кои по трагичниот пожар во Кочани, во изминатиот период го поставуваат прашањето: „Колку се безбедни ноќните клубови во Грција?“, јави дописничката на МИА од Атина.

Read More

Двајца пациенти повредени во пожарот во Кочани (18 и 24 години), кои се на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, се преместени од Интензивна нега на одделение на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија.

Read More

Серијалот истражувачки стории за тендери во енергетски сектор објавени на емисијата КОД ја добија првата новинарска награда „Никола Младенов“ што ја доделува Македонскиот институт за медиуми. Како второрангирана најдобра истражувачка сторија на конкурсот се избрани серија текстови за Државна Лотарија објавени на Радио Слободна Европа од новинарот Петар Клинчарски. Третата награда ја доби Истражувачката репортерска лабораторија за истражувањето „Украдени животи“.

Read More

Делегациите на САД и Украина ја завршија втората рунда преговори во Саудиска Арабија, пренесува украинскиот јавен радиодифузен сервис „Суспилне“ повикувајќи се на извор во делегацијата.

Read More

Ова е веќе видено сценарио од страна на пропагандната „машинерија“ што Груевски му ја остави во наследство на Мицкоски. Кај овие луѓе постои само омраза кон сите што не се ВМРО ДПМНЕ и тоа ова сегашното. Ним ништо друго не им е важно освен вистината што им ја налага партијата, изјави Николовски за Фронтлајн.

Read More

Не прифаќам некој да покажува со прст кон другите, а нема интегритет, храброст и доблест да се соочи со сопствената одговорност. Не прифаќам некој да ми држи лекции за корупцијата во минатото, кога тој истиот е корумпиран во сегашноста.

Read More

Од април ќе се исплаќа законски предвидениот минималец или околу 2 200 денари повеќе од сегашната минимална плата, рече денеска премиерот Хртистијан Мицкоски. Според него, доколку следните месеци дојде до договор меѓу работниците и работодавачите за повисок износ, ќе се направат законски измени и дополнително нивелирање.

Read More