Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Последната битка – Пратениците отишле на двонеделен одмор

0
By Marija Todorovska on March 25, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 25, 2025 12:56
Ме охрабри вчерашната манифестација “Кој е следниот”. Макар што мислам дека следен нема затоа што зад нас нема никого. Сите сме во казанот на вмро-дпмне.

Бранко Тричковски
Зошто само на две недели?
Јас би ги осудил на дожвотен одмор.
Собранието е многу скапа и бесмислена институција во новото ненормално.
Изборите се скап и бесмислен институт кога народот е оглупавен, шашардисан и со одземена деловна способност.
Владата е Акционерско друштво за пљачка.
Ниту еден член на владата нема повеќе од три грама мозок.
Инаку би пљачкале како нормални криминалци, а не чувани од полицијата и правосудството со кофи да црпат од буџетот.
Па така и баба ми би крадела.
Државата е скапа и бесмислена институција.
Може ли некој аргументирано да го демантира оваа тврдење за Нордот.
Јазикот не е нашето најголемо богатство туку низок плафон на когнитивната моќ и во основа извор на целата драма на македонскиот државен и национален проект. Тој е границата до која сме дојдени и натаму не можеме. Затоа што, како рекол Ниче: Мораме да престанеме да мислиме ако одбиеме да мислиме во јазичкиот затвор. А Витгенштајн му дава своја боја на тоа велејки дека “Ограничувањеата на мојот јазик се ограничувања на мојот свет”.
Нашиот поглед не префрла преку оградата на дворот.
Или подалеку од шупите за игри и пожари.
Терористите кои ја презедоа контролата над македонскиот брод имаат пониска интелигенција и се многу понеспособни во секој поглед од сомалиските терористи кои киднапираат огромни танкери.
Заедничко им е само тоа што и едните и другите тоа го прават за пари.
Тие проблеми може да ги потиснува во тишина само дрогиран, пијан или болен човек.
Или луда нација.
Ако е здрав потиснувањето на проблемите во внатрешноста може да ја надуе тишината и човекот да експлодира или да полуди.
Ме охрабри вчерашната манифестација “Кој е следниот”.
Макар што мислам дека следен нема затоа што зад нас нема никого.
Сите сме во казанот на вмро-дпмне.
И на еден или друг начин гориме и се топиме.
Се претвораме во чварки кои внимаваат да не го испрскаат комитата со девената мешалка.
Да бидеме фини чварки.
Не дозволувајте да ве влечат за уши со нивелацијата на одговорноста со другите партии и субјекти. Сите се виновни, тука нема дилеми и сите ќе одговараат, но само со вмро и поради вмро исчезнуваме. Тоа би требале на крајот да го разберат и сиротите вмрони и вморонки на кои горското началство прво им го пере мозокот, а потоа ги користи како глуперди кои тресат глупости и шират смрт убедени дека ги бранат националните интереси од предавиците.
Се нервирам кога ги слушам организаторите на протестите како таа злосторничка банда ја уверуваат, со доза на правдање, дека протестите нема да бидат насилни и партизирани и дека нема да бидат против власта туку за правда.
Прво, адресата на која се испраќаат не заслужува таков третман, а второ битката против оваа неука, неспособна и притоа, злосторничка, токсична и со опасни намери власт, е последна битка во која Македонија е тема.
Од Фејсбук ѕидот на авторот
Бранко Тричковски ВМРО кој е следен одмор пратеници
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.