Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
НОВА ТВНОВА ТВ

Хајката против критичката јавност и граѓаните кои бараат објективна вистина за Кочани е обид за замолчување на слободата воопшто!

0
By Marija Todorovska on March 25, 2025 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 25, 2025 12:50

Ова е веќе видено сценарио од страна на пропагандната „машинерија“ што Груевски му ја остави во наследство на Мицкоски. Кај овие луѓе постои само омраза кон сите што не се ВМРО ДПМНЕ и тоа ова сегашното. Ним ништо друго не им е важно освен вистината што им ја налага партијата, изјави Николовски за Фронтлајн.

Дестан Јонузи

Не престануваат реакциите на јавноста за провладината медиумска кампања против неистомислениците во врска со барањето одговорност за кочанската трагедија во која животот го загубија 59 млади лица.

На овие гласови им се придружи и премиерот Христијан Мицкоски кој при посетата на Радовиш изјави дека: „Апсолутно ги разбирам сите оние кои одлучиле својот легитимен гнев, да го изразат преку демократска алатка, а тоа се протести. Но, не можам никако да ги оправдам оние политички глодари, лешинари, коишто не сакаат силна Влада од ВМРО, бидејќи е браник и последниот столб да не дозволи уништување на Македонија, како држава“.

Љубиша Николовски

Љубиша Николовски – новинар и политички аналитичар вели дека хајката против неистомислениците и протестантите кои бараат објективна вистина се обид за замолчување на слободата воопшто.

– Ова е веќе видено сценарио од страна на пропагандната „машинерија“ што Груевски му ја остави во наследство на Мицкоски. Кај овие луѓе постои само омраза кон сите што не се ВМРО ДПМНЕ и тоа ова сегашното. Ним ништо друго не им е важно освен вистината што им ја налага партијата, изјави Николовски за Фронтлајн.

Зоран Бојаровски

Новинарот и политички аналитичар Зоран Бојаровски смета дека ова е веќе видена стратегија на власта и на провладините медиуми, кои, за жал, не успеваат или не сакаат да прифатат дека ставајќи се во улога на некритички бранители на власта, вусшност, го попречуваат процесот на истрагата да биде сеопфатен и неселективен.

– Можеби се работи и за страв за тоа до каде може да дојде истрагата кога би се спроведувала без опструкции и спинови. Апсурдно е да бидете против неселективна и политички неконтаминирана истрага за една ваква трагедија која им донесе страшна загуба на толку семејства и која е исклучително сериозна општествена траума која мора да се оконча со непристрасна и сеопфатна истрага. Тоа го бараат граѓаните кои излегуваат на протести и тоа треба да го добијат. Инаку јавноста не треба да има никакво сомневање дека говорот на омраза и хајката е поттикнуван од владината врхушка, особено онаа што доаѓа од претставниците на ВМРО-ДПМНЕ. Тука особено ја имам предвид изјавата на премиерот Мицкоски за кој сите оние што мислат различно и што протестираат се глодари и лешинари, вели Бојаровски за Фронтлајн.

Мене, додава нашиот соговорник, ова многу ми личи на манифестација на страв од правдата.

– Не му доликува на политичар избран од народот да промовира толку ниска политичка (не)култура) и со тоа да влијае и врз истрагата и врз јавното мислење, подвлече тој.

Џелал Хоџиќ – претседател на Странка на Демократска акција на Македонија (СДА) – во изјава за „Фронтлајн“ вели дека провладина хајка против неистомислениците не e ништо ново, ништо неочекувано. Според него, тоа е еден центар кој е воспоставен уште од владеењето на Груевски.

Џелал Хоџиќ

– Провладините медиуми се нарекуваат “провладини” само затоа што наместо да бидат гласот на јавноста они одбираат да бидат гласот на партиската пропаганда на владеачките партии. Деновиве на критичните медиуми повторно можеме да читаме за влијанието на авторитарната власт на Орбан врз дел од македонските медиуми. Исто тема која е стара години наназад. Тоа се горе-доле истите медиуми кои патот кон ЕУ го претставија како загрозување на идентиетот на Македонците. Сега врз млади луѓе, кои бараат одговорност од институциите, ќе се обидуваат да им цртаат разни мети и обиди за дескридитација. Тоа се медиуми кои во македонската јавност моделот на авторитарнато и антидемократско владеење на Вучиќ во Србија, со сите антизападни пораки, го претставуваат како државничко однесување. Она што во моментов може да биде ефект од нивната пропаганда врз младите, тоа е да ги разбудат и родителите на овие млади луѓе и нив да ги извадат на улица, како поддршка на своите деца во борбата против системот, вели Хоџиќ.

На граѓанските маршови за одговорност и безбедност пред владата и во неколку градови низ државата илјадници луѓе ja изразија својата тага и револт, и побараа одговорност за трагедијата во Кочани.

Текстот е сопственост на Фронтлајн

Дестан Јонузи јавност Кочани хајка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.