Author: Marija Todorovska
Пратеничката Славјанка Петровска во емисијата „24 Анализа“ на телевизија 24 истакна дека Резолуцијата на СДСМ и претседателот Филипче за црвените линии е подадена рака за заедништво и заеднички исчекор за иднината на државата, информира СДСМ во соопштение до медиумите.
Украински беспилотни летала ја погодија рафинеријата за нафта „Афипски“ во рускиот Краснодарски крај ноќта на 26 септември, објави регионалниот оперативен штаб, пренесува Кијив Индипендент.
СДСМ попладнево ја објави целата содржина на Предлог-резолуцијата за дефинирање на црвените линии. Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче на денешниот брифинг со медиуми ја презентираше содржината на Предлог-резолуција за дефинирање на заедничките државни и национални позиции за продолжување на процесот на зачленување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Тој посочи дека предлог резолуцијата произлегува од стратешките национални интереси пред се интересот на граѓаните и огромниот процент на поддршка за процесот на пристапување кон ЕУ. Филипче додаде дека со овој документ ќе се отстранат сите грижи, сомнежи и дилеми поврзани со заштитата на идентитетските обележја во текот…
Имајќи предвид дека проширувањето на Европската Унија е повторно актуелно на ниво на ЕУ со реална и опиплива можност за нови држави членки во наредните неколку години до 2030 година. Особено имајќи го предвид забрзаното темпо на преговори за членство во ЕУ и придобивки на Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина како држави кои преговараат за членство во ЕУ.
Претседателот Володимир Зеленски нема да се кандидира за втор мандат откако ќе заврши целосната војна во Русија, рече тој во интервју за Аксиос објавено на 25 септември, пренесува Кијив Медиа.
Феминистичкото движење за слобода и правда на жените, „Ниту eдна повеќе!“ најавува блокада која ќе се одржи денес (25 септември) од 18:00 часот пред паркот „Жена Борец“ во Скопје.
ајмалку 17 луѓе загинаа во денешните израелски напади врз Појасот Газа, соопштија локалните болници.
М-НАВ АД Скопје соопшти дека е ставен во функција радарот на скопскиот аеродром. Во текот на изминатите три дена, како што се наведува во соопштението, напорно се работеше на отстранување на дефектот кој се појави на дел од електрониката на радарската глава – Бањски рид. На 24 септември во 16:40 часот, стручниот тим на М-НАВ успешно го отстрани дефектот и ја врати радарската глава во функција, меѓутоа истата до денеска 25 септември до 12 часот подлежеше на неопходни тестирања по кои беше вклучена во системот за контролирање на воздушниот сообраќај на македонското небо, вклучително и Меѓународниот аеродром Скопје, информираат денеска…
Недозволиво е тоа што се случува во реформската агенда, 12 закони требаше да се донесат оваа година, од кои седум до јуни и беа врзани со одредени буџет од европските пари наменети за нашата држава. За жал ниту еден од тие закони не е донесен, вели лидерот на СДСМ Венко Филипче.
Брисел: Европската комисија донесе одлука да одобри дополнителни 50 милиони евра помош како одговор на „катастрофалната хуманитарна ситуација во Газа и за справување со растечките хуманитарни потреби на Западниот Брег“.
Британската полиција денеска соопшти дека уапсила маж како дел од истрагата за нападот со „ransomware“ врз компанијата „Колинс Аероспејс“ (Collins Aerospace), во сопственост на РТХ, што предизвика сериозни нарушувања во работењето на европските аеродроми.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчеравечер од Тетово му се обрати директно на премиерот Христијан Мицкоски, предупредувајќи го дека евентуалното скршнување од патот кон ЕУ ќе предизвика поделби на Македонија, во кои, како што вели, граѓаните ќе немаат друг избор освен дел од нив да одат со Албанија, а останиот дел со Бугарија, пренесува Тетова сот.