Author: Marija Todorovska
Во Советот за човекови права на Обединетите нации денеска е поднесен извештај на независна комисија, во кој се наведува дека Русија употребувала систематска и широко распространета тортура на цивили, вклучително и киднапирања, за време на нејзините напади врз Украина, што претставува злосторство против човештвото.
Двајца од 15-те поврдени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба, соопшти попладнево прес-службата на бугарското Министерството за здравство.
Активностите на синдикалниот лидер Трендафилов се борба за работничките права, но на властите најмногу им пречи тоа што добива поддршка од опозицијата! А пред извесно време, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, „ќе ги искршеа нозете“ да им ја стегнат раката на истите тие синдикалци во битката за подобри плати.
Емилија Целакоска: Зошто не замолчите вие што барате од граѓанството да молчи? Што цело време дрндате да се молчи? Вие немате мандат да барате од граѓаните да молчат, туку ИМАВТЕ мандат да работите според законите. Бидејќи НЕ работевте по законите, суштински го имате изгубено мандатот, само со нокти се држите за лушпа од власта. За буџетските пари и ухлебија. Затоа, тешко дека граѓаните ќе ви молчат. Не се будали луѓето, сите ВЕ ГЛЕДААТ, џабе само се сликате и уште и уште дрндате, уште повеќе ве гледаат какви сте. Најголема злоупотреба на трагедијата е да се молчи на смрдливата глава, таа…
Предметен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, донел наредба за спроведување на истражна постапка против седум полициски службеници.
На три објекти со важечка лиценца за кабаре, ноќен клуб или дискотека ќе им биде забрането да работат и ќе ја загубат лиценцата затоа што не исполнуваат минимум технички услови за вршење дејност.
Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево. Останатите погреби ќе се одржат исто така во текот на утрешниот ден во различни временски периоди.
Но, не само „куририте“, кампањата „молчи“ ја започна министерот за внатрешни Тошкоски кој „од се срце“ ги замоли новинарите да го пуштат да работи и да не поставуваат прашања кои не му се по ќејф.
Илјадници луѓе протестираа пред унгарскиот парламент во Будимпешта, по усвојувањето на контроверзен закон со кој се забранува одржување на настани поврзани со геј парадата.
Драган Мишев: Дојдовме до заклучок дека старата народна поговорка „ Ако козата лаже, рогот не лаже“ сега може комотно да се рекомпонира како „Ако премиерот лаже, Инстаграм не лаже“. На една фотографија од прес-службата на Владата, во огледалото во болничката соба има одраз на човек, за кој не се знае во кое својство е таму и кој на себе нема никаква заштитна опрема, дури ниту заштитна маска, како со мобилен телефон ги фотографира премиерот и свитата. Линк
Скандалозно е да се повикуваат на информативен разговор во МВР новинари од редакциите на “ТВ21” и “Ројтерс”, а кои си ја работеле работата и сакале да известат од собирот на граѓаните.
Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд достави предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката за пожарот во Кочани на кои оваа мерка им истекува во текот на денот, соопшти ЈОРМС. Вчера им е изречен краткотраен притвор уште на две лица.
