Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Краткото паметење на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Marija Todorovska on March 19, 2025 ИЗБОР
Фото: Драган Митревски/Слободен печат
Фото: Драган Митревски/Слободен печат
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 19, 2025 15:02

Активностите на синдикалниот лидер Трендафилов се борба за работничките права, но на властите најмногу им пречи тоа што добива поддршка од опозицијата! А пред извесно време, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, „ќе ги искршеа нозете“ да им ја стегнат раката на истите тие синдикалци во битката за подобри плати.

Соња Кириџиевска
Владејачката партија тргна фронтално во напад кон претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов. Се „пука“ кон него од сите „оружја“, го поврзуваат за блискост со опозицискиот СДСМ, иако неговата борба за работничките права е легитимна. Причината за нападите е повеќе од јасна – да се замолчи Трендафилов во барањата за повисок раст на минималната плата.
На властите најмногу им пречи тоа што синдикалниот лидер добива поддршка од опозицијата, а пред извесно време, кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, „ќе ги искршеа нозете“ да им ја стегнат раката на истите тие синдикалци во битката за подобри плати. Овој синдром на кратко паметење, за жал, е одамна присутен во македонското практицирање власт или опозиција.
ССМ зад себе има 70.000 членови и 600 илјади работници. За притисоците што ги трпат, ќе бидат известени европската и Меѓународната конфедерација на синдикати, а донесена е и одлука нивните седници да се одржуваат на отворено, пред Владата и работодавачите.

Од ССМ потсетија – само во Белорусија власта политички ја напаѓа синдикалната организација само затоа што побарала минималната плата да се зголеми на 500 евра?! За да биде парадоксот поголем, земјава останува без работна сила, а важна алатка во борбата да се задржат малубројните работоспособни е да им се зголемат платите.
Регионот веќе одамна го сфати тоа и „минималецот“ во соседните земји се движи од 457 до 800 евра.

Тоа му е јасно и на премиерот Христијан Мицкоски. Тој неодамна јавно посочи дека процесот на заминување на странските компании од земјава ќе биде надминат, но загрижен е дали ќе има доволно работна сила за сите предвидени инвестиции во државава. Уште повеќе, премиерот беше загрижен што никој не сака да работи за плата од 25.000 денари. Сега, пак, се лути што синдикалците се борат за зголемени плати не само во приватниот, туку и во јавниот сектор.

Токму тука лежи зајакот – со зголемениот минималец, ќе дојде до изедначување меѓу обичните работници и некои постручни, па дури и експертски позиции, а газдите, но и Владата, не се подготвени да исплаќаат повеќе. Функционерските плати, пак, се „замрзнати“, но и натаму се прилично високи за македонски стандарди. Да потсетиме, претходната власт им ги покачи платите на функционерите и до 78 отсто, а оваа власт не презеде ништо тоа да се промени.
Додека власта сака да го урне кредибилитетот на ССМ и да си најде синдикален партнер „по мерка“, единствено задоволни во моментов се газдите.

Нивниот трошок, барем за една година отсега, ќе се сведе само на 1.800 денари, за колку ќе им ја зголемат минималната плата на своите вработени. Од друга страна, газдите јавно се жалат дека ќе дојде време кога компаниите ќе одбиваат работа поради недостиг на работна сила, а вината од евентуален неуспех за 500 евра минималец лежи и кај нив, бидејќи се ценкаа со државата да ги ослободи од придонесите.
Свој дел од вината сносат и оние синдикалци по министерствата, јавните претпријатија и општините кои со месеци ги замолчуваа вработените да „не дигаат џева“ за неисплатените плати. Сега делат пристапници работниците да се приклучат во нерелевантни паралелни синдикални организации.
Седницата на Економско-социјалниот совет сè уште не е закажана, а сметководителите треба да ги почнат пресметувањата на платите, бидејќи мартовската плата треба да биде исплатена до 15 април. Излегувањето на улица најверојатно ќе се случи, иако може да се најде и поинакво решение. Но, газдите и Владата ги оставија работниците на цедило, ризикувајќи проблемот со недостиг на работна сила да стане уште поголем.

Текстот е сопственост на Слободен Печат 
ВМРО ДПМНЕ Мицкоски плати Соња Кириџиевска ССМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

ВЕСТИ July 26, 2026

Скопски земјотрес од 1963 година – природна катастрофа што го погодила градот Скопје на 26 јули 1963 година во 5 часот…

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026

Филипче: Гостивар, Валандово, сега загадена вода и во болницата во Лешок

July 23, 2026
ТИКЕР

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.