Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На три од 12 проверени објекти ќе им биде одземена лиценцата за работа

0
By Marija Todorovska on March 19, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 19, 2025 14:06

На три објекти со важечка лиценца за кабаре, ноќен клуб или дискотека ќе им биде забрането да работат и ќе ја загубат лиценцата затоа што не  исполнуваат минимум технички услови за вршење дејност.

Од 22-та вакви објекта за кои вчера беше соопштено дека имаат активни лиценци, инспекцијата кај 12 ги проверувала техничките услови при што е утврдено дека трите објекти не ги исполнуваат. Продолжува теренската контрола на Пазарниот инспекторат за техничката контрола и на останатите десетина објекти кои поседуваат лиценца.

Новите сознанија од терен денеска на прес-конференција ги соопшти владината портпаролка Марија Митева.

Информираше дека веднаш до Министерството за економија ќе биде испратено барање за одземање на лиценцата за трите објекти, забрана за вршење дејност и, како што рече, „сите казнени одредби кои се возможни согласно закон ќе бидат преземени“.

Последните инспекции потврдија сериозни регулаторни прекршувања. Доказите се јасни. Од вчера направената контрола на 12 објекти со активна, важечка лиценца, до овој момент е утврдено дека три од нив не исполнуваат минимум технички услови, а сепак имаат активна лиценца за вршење дејност. За останатите девет е се уште во тек проверката на документацијата и во текот на денот дополнително ќе информираме, рече Митева.

Посочи дека теренските проверки продолжуваат денеска и утре и ги вршат над десет тима.

На прашање кои се трите објекти кои не работеле прописно, а имале лиценци, одговори дека би сакала да ги каже градовите, а и објектите, но дека во овој момент тоа се информациите со кои располага.

Во врска со информации дека сопственици на вакви објекти интервенираат и отстрануваат инвентари за да се скријат траги дека работеле, портпаролката одговори дека „кружат такви информации и шпекулации“ и оти сите ќе бидат проверени.

На прашање дали во дискотеката „Пулс“ во Кочани, која од 2023 имала лиценца за работа, биле проверувани техничките услови, што е дел од годишните планови на Пазарниот инспекторат, таа рече дека токму тоа е дел од истрагата и не може да изнесува детали.

Во однос на екипираноста на Државниот пазарен инспекторат и дали има доволно кадар за над десет теренски тимови, портпаролката рече дека во тимовите за контроли учествуваат и стручњаци од други надлежни институции, вклучувајќи го и МВР, искусни градежни работници, од Трудовиот инспекторат, УЈП и Финансиската полиција, како што рече, „сите што може да придонесат во утврдување на условите“.

На прашањето дали ќе се проверуваат работата и условите и за други угостителски објекти, освен за кабареа, ноќни и диско клубови, Митева одговори дека се актуелни тие со  лиценци бидејќи „од таму и започна целата ситуација“.

Влада Кабареа Кочани лиценци Марија Митева Ноќни Клубови пулс
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.