Author: Marija Todorovska

Вчера вечерта новинарски екипи од ТВ21 и Ројтерс беа повикани на разговор во полициска станица поради снимање со дрон на собирот на плоштадот во Скопје.

Read More

Тој нагласи дека во изминатите 33 години само еден министер за транспрт и врски, Антони Пешев, си даде оставка од морални причини после падот на рускиот авион кај кичевските брда во која загинаа 99 патници. Тој е единствениот случај на морална одговорност во нашата држава. Лицата кои раководат со институции, министри, директори, раководители… треба да имаат голем кредибилитет и интегритет.

Read More

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски информира дека се идентификувани и е завршена обдукцијата на сите 59 починати лица од трагичниот настан во Кочани. При пожарот, како што посочи, со повреди се здобиле 196 лица, од кои 20 се деца.

Read More

Веднаш по повикот за јавен собир по повод трагедијата во Кочани во организација на иницијативата „Кој е следен?“, се покрена дезинформациска кампања насочена против граѓанското учество. Една маргинална интернет веб страница, како и неколку Фејсбук страници, излегоа со тврдење дека ЦИВИЛ е организатор на собирот. Тоа е лага! И воопшто не е наивна. Не се работи за грешка или недоразбирање, туку за смислена кампања со која се дискредитираат граѓанските иницијативи и се прави обид да се спречат граѓанките и граѓаните слободно да го изразат своето мислење на јавен настан.

Read More

Две лица повредени во пожарот во дискотеката во Кочани утринава се пренесени на лекување на Клиниката за трауматологија во Клиничкиот болнички центар „Сестре милосрднице“ во Загреб, додека транспортот на уште двајца пациенти се очекува денеска.

Read More

Урим Салиу: Мицковски да не го бара на друго место проблемот. Треба да тргне од својот кабинет, односно да отстрани неколку министри од кабинетот, макар и од морални причини затоа што се случи страшна трагедија. Потоа, како премиер, со надлежните институции мора да копаат и во минатото, начинот на издавање на лиценцата и многуте злоупотреби што се случија итн. Некој ја отвори дискотеката, но некој не ја затвори. Ова е од суштинско значење за да се дојде до дното на овој случај и на многу други и да не се дозволи овој тажен случај да се злоупотреби политички. Линк

Read More

Дритон Зенку: Шемата на апсења зборува за селекции. Не може да се истражува изминатиот период, додека не се утврди одговорноста на актуелните раководители. Не може да се истражува изминатиот период, додека не се утврди одговорноста на актуелните раководители. Не знам дали началникот на локалната полиција бил сослушан или не. Не знам дали надлежните институции одговараат што дозволиле дискотеката да работи без лиценца. Истрагата тргнува од моменталната состојба и потоа се испитуваат други околности. Не амнистирам никого, но факт е дека дискотеката почна со работа на времето на ВМРО-ДПМНЕ и трагичниот инцидент се случи сега кога оваа партија е на власт.…

Read More

Склад за гориво имало во близина на дискотеката „Пулс“ каде во неделата рано сабајле во пожар загинаа 59 лица, а над 150 се повредени. Резервоарот за нафта бил на друг објект, а бил откриен од страна на крим техника.

Read More

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски поради трагедијата во дискотеката во Кочани одлучи да бидат разрешени началници, помошници и командири во Штип и Кочани, потврдија за МИА од МВР.

Read More

И вчера и денеска посетив пациенти повредени во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани и ги запазив сите протоколи кои ми беа побарани од страна на медицинскиот персонал и докторите. Не го правам тоа заради П.Р., туку за да излезам пред медиумите и да зборувам отворено за се она со што се соочуваме во овие моменти, порача премиерот Христијан Мицкоски.

Read More