Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Двајца повредени во пожарот во Кочани префрлени на лекување во КБЦ во Загреб, градоначалникот нуди бесплатно сместување за родителите

0
By Marija Todorovska on March 18, 2025 ВЕСТИ
Фото: Скриншот hrtv
Фото: Скриншот hrtv
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 18, 2025 15:14

Две лица повредени во пожарот во дискотеката во Кочани утринава се пренесени на лекување на Клиниката за трауматологија во Клиничкиот болнички центар „Сестре милосрднице“ во Загреб, додека транспортот на уште двајца пациенти се очекува денеска.

Тихана Магдиќ Турковиќ, началник на Одделот за анестезиологија и интензивно лекување на Клиниката за трауматологија, КБЦ, во изјава за ХРТ посочува дека кај нив биле донесени две момчиња, од кои едното е малолетно.

Едно лице (16 години) има мали изгореници од приближно 10 проценти, без повреди при вдишување и не бара интензивно лекување. Другото лице (23 години) има изгореница од 10-15 проценти и има повреда при вдишување која бара интензивни мерки за лекување, изјави Магдиќ Турковиќ.

Засега не се констатирани дополнителни повреди кај пациентите.

Во случајот со полесни изгореници пациентот ќе биде на опсервација. Ќе бара хируршки третман. Поголемата, посериозна повреда бара интензивни мерки за лекување, имајќи предвид дека се работи за повреда од вдишување, потребна е механичка вентилација, односно употреба на респиратор, инхалациона терапија, аналгоседација, рече докторката.

Таа додаде дека на пациентите со изгореници им треба повеќемесечно лекување.

Трансплантацијата на ткиво е опција за третман на изгореници. Сè уште не сме во фаза кога можеме да процениме дали тоа ќе биде потребно или не. За неколку дена ќе ја процениме длабочината на изгореницата и ќе донесеме заклучоци, изјави д-р Магдиќ Турковиќ.

Клиниката, како што кажа таа, е подготвена да ги прими и останатите најавени пациенти како со медицински персонал, така и со потребната апаратура.

Примариус Драган Ѓурѓевиќ од Клиниката за трауматологија рече дека за среќа, помладиот пациент има полесни изгореници, додека кај вториот пациент примарен третман е изгореница на дишните патишта, односно изгореници на белите дробови и соодветно се очекуваат компликации поврзани со тоа. Се работи за изгореници по главата и горниот дел од телото.

Директорот на КБЦ Давор Вагиќ изрази сочувство до семејствата на загинатите во трагедијата во Северна Македонија. Информира дека министерката за здравство Ирена Хрстиќ утрото веќе била во болницата и дека сите активности се координирани од Министерството за здравство и Владата.

Тој посочи и дека во Клиниката за трауматологија на Република Хрватска има Центар за изгореници и дека таму работат најкомпетентните луѓе во земјава за лекување на изгореници, а имаат и банка за ткиво која е конкретно поврзана со лекување на изгореници.

Хрватската Влада информирала дека во текот на денешниот и утрешниот ден со хеликоптер на хрватската Армија ќе бидат превезени уште четворица пациенти, кои исто така ќе бидат згрижени во хрватските здравствени установи.

Градот Загреб нуди сместување на семејствата на пациентите кои треба да поминат месеци за лекување и закрепнување во Загреб.

Како град Загреб, контактиравме со македонската амбасада и им понудивме на семејствата на повредените сместување додека се во Загреб, за време на лекувањето на нивните најблиски. Резервиравме сместување доколку им треба, ќе добиеме контакт од амбасадите доколку го примат. Сакавме да дадеме свој придонес од солидарност во трагедијата што ја зафати Македонија, изјави Томислав Томашевиќ, градоначалник на Загреб.

Загреб Кочани пациенти повредени пожар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
shortcut
ФОКУС
June 28, 2026

Иранската револуционерна гарда ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на нападите на САД

ВЕСТИ June 28, 2026

Иранската паравоена единица на Револуционерната гарда денеска ги нападна Бахреин и Кувајт како одговор на…

САД започнаа нова воена операција против Иран

June 28, 2026

Родителите на загинатите во „Пулс“ со порака: Ќе се бориме до последен момент за вистината

June 28, 2026

Ирска нов претседавач со ЕУ: Во програмата за работа следни за прием се Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија – Македонија ја нема

June 27, 2026
ТИКЕР

SpaceX тајно лансираше мистериозен „Starfall“ вселенски брод – нова технологија за брз транспорт и микрогравитација

June 27, 2026

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.