Author: Marija Todorovska

Вкупно 47 повредени лица во пожарот во Кочани ќе бидат хоспитализирани надвор од државата, соопшти вечерва министерот за здравство Арбен Таравари.

Read More

Во Кочани е тензично. Дел од родителите чии деца во текот на изминатата ноќ загинале во пожарот во дискотеката бараат нивните тела да им бидат предадени веднаш, да не се чека натамошна обдукција, пренесува Дојче Веле.

Read More

Владата ја започна денешната седница со едноминутно молчење со што им оддаде почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани.  Донесе одлука за прогласување седумдневна жалост на територија на целата држава, а во МНР ќе биде отворена книга на жалост.

Read More

Директорот на Универзитетската клиника за хирушки болести „Св. Наум Охридски “, Небојша Настов во изјава за медиумите попладнево истакна дека првата тура од двајца пациенти кои беа зависни од респираторна поддршка со авионски превоз се транспортирани во болница во Софија, каде имаат специјализиран оддел за третман на изгореници. Посочи дека втората група од двајца пациенти што пред некоја минута ја напуштиле болницата, во договор со Владата на Србија се транспортирани во Воената болница во Ниш и во Воената болница во Белград.

Read More

Во Општата болница во Кочани пристигнуваат триесетина возила од погребните претпријатија и од АРМ, кои треба да ги транспортираат телата на загинатите на обдукција во Скопје, јави дописникот на МИА од Кочани.

Read More

Марјан Забрчанец: Дрско и со потсмевање им дели лекции на новинарите како да поставувале прашања. Не одговара зошто дозволиле оваа квази дискотека да работи цела година без легална лиценца. Не одговара кој и со каква дозвола управувал со пиротехниката. Не одговара зошто не спречиле малолетници да бидат таму во 3 по полноќ. Министер е цели 14 месеци.

Read More

 Андреј Ѓорѓиески од групата ДНК е еден од загинатите во пожарот во дискотеката во Кочани, кој избувна утринава пред 3 часот. Животот го загубија и Александар Ефремов, фотограф на бендот ДНК, како и вонр. проф. м-р Сара Пројковска, која во бендот беше придружен вокал. Меѓу загинатите е и директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“, Филип Стевановски и тапанарот на бендот Ѓорги Ѓоргиев.

Read More

МВР во координација со Јавното обвинителство до овој момент во врска со синоќешниот пожар во ноќен клуб во Кочани има осомничено повеќе од 20 лица, од кои 15 се во полициска станица, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Read More