Author: Marija Todorovska

На Скопските клиники, во Градската хируршка болница „Свети Наум Охридски “ и во „8 Септември“ хоспитализирани се повеќе од 80 потешко повредените лица во пожарот што ноќеска се случи во дискотека во Кочани.

Read More

Најмалку 50 лица се загинати во дискотека во Кочани во која ноќеска избувнал пожар за време на концерт на позната група. Пожарот избил во 3 часот по полноќ.

Read More

Стотици илјади луѓе дојдоа на протестот во Белград на 15 март, поради што многу улици беа преполни, па граѓаните и студентите наоѓаат алтернативни начини да се приклучат на акцијата. Откако се случија инциденти во близина на Собранието, студентите ги вратија елеците и порачаа дека протестот повеќе не е студентски протест.

Read More

Звукот што го прекина петнаесетминутниот молк на денешниот студентски протест и предизвика паника кај насобраните е звучно оружје или „звучен топ“ во сопственост на безбедносниот систем на Србија, изјави за Н1 Александар Радиќ, воен аналитичар.

Read More

Организацискиот секретар на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Мартин Костовски, на својот Фејсбук-профил објави порака „Пумпај“, слоган што секојдневно се користи на студентските протести во Србија. Со тоа, Костовски им изрази поддршка на студентите пред денешните големи протести во Белград.

Read More

Нормално е да ја следиме состојбата во Србија, неодговорно би било да не ја следиме состојбата со нашите соседи и врз основа на тоа сме подготвени за предизвиците, доколку постојат такви имаме разработено сценарија, но, не очекувам прелевање кај нас, вели премиерот Христијан Мицкоски.

Read More

Скопје:  Екипи на МВР, САЕ Тигар, ренџерската служба на НП „Маврово” и локални жители извлекоа две лица од Мавровско Езеро, на кои им се превртел чамецот. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК) извлечените лица се мнаоѓаат  во возилото на итната медицинска помош.

Read More