Author: Marija Todorovska
Вашингтон: Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток, Стив Виткоф денеска пристигна во Москва на разговори на високо ниво за ставање крај на конфликтот во Украина.
СДСМ денеска објави нов скандал поврзан со тендерските мрежи на ДПМНЕ.
Во касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во Велес, денес се одржа воена свеченост по повод примопредавање на должноста командант на Командата за обука и доктрини (КОД). Должноста командант на КОД од полковник Васко Коколански ја прими бригаден генерал Лулзим Нуредини, кој со укази на претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска Давкова е поставен на оваа должност и унапреден во бригаден генерал.
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска се закани дека ќе воведе царини од 200 отсто за вино, шампањ и други алкохолни пијалоци од Европската унија.
Основниот Кривичен суд Скопје го осуди на доживотен затвор Елвин Куртовиќ, по признание на вина за убиството позади трговскиот центар „Мавровка“ во Скопје на 20 август минатата година.
Демонстрантите кои претходно пристигнаа пред N1 решија да се повлечат околу 13:30 часот.
жалење констатираме дека нашиот сосед повторно се обидува одговорноста за неисполнувањето на нивните меѓународните обврски да ја префрли врз нашата држава, нагласува македонското Министерствот за надворешни работи во одговорот на вчерашната реакција на бугарското МНР за изјави на премиерот Христијан Мицкоски.
Група од околу стотина непознати лица се собрала пред влезот на дворот на редакцијата N1. Не се знае зошто се собрале и не дозволуваат никој да влезе ниту да излезе од дворот. Полицијата одвојува две групи пред N1 – оние кои протестираат против N1 и група вработени од „Erport siti“
Уставот на Република Северна Македонија не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт, информира Уставниот сид, во врска со т.н. интерпелации на уставни судии.
На Фејсбук се шири лажна вест злоупотребувајќи го името на премиерот Христијан Мицкоски и името на министерот за економија Бесар Дурмиши за да ги измами корисници на социјалните мрежи со цел да ми земат пари од нивните сметки. За таа намена се злоупотребува логото на веб-страницата на телевизијата Канал 5 и имиња на новинари за да се помисли дека се работи за вистинска вест за да ги намамат следбениците да кликнат.
Јани Макардули: За само 9 месеци, паднаа во вода сите предизборни ветувања, како на ВМРО-ДПМНЕ, така и на ВЛЕН. Ниту има нова преговарачка рамка, ниту за 6 месеци се случија уставните измени. Дополнително, показател дека се бега од ЕУ патот, е односот кон соседна Република Бугарија. Во јавноста се купуваше време со немањето влада во Бугарија, но сведоци сме дека нема ниту една иницијатива од владата. Ако е приоритет ЕУ, зарем нема да се биде досаден со постојано барање за средби? Нас ни гори, затоа, ние сме тие кои мора континуирано да бараме средби. Линк
Жртвите на сексуално насилство, но и институции, за жал не се запознати со постоење на центри за помош и поддршка на вакви жртви, иако тие центри се формирани во три града уште во 2018 година. Ќе се унапредува процедурата за центрите за жртви на сексуално насилство, беше соопштено денеска на средбата на Работната група која што се формираше во рамки на Министерството за здравство во соработка со Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“.
