Author: Marija Todorovska

На социјалните мрежи се споделува видео на кое се гледа возило, а од неговиот заден дел виси мачка. Видеото се споделува од граѓаните и граѓанските активисти со осуда за мачење на животното. Од Секторот за внатрешни работи денеска информираат дека работат на расчистување на случајот.

Read More

Денеска премиерот Христијан Мицкоски се сретна со Виктор Орбан во Будимпешта. Тој заедно со владината делегација беше пречекан во кралскиот дворец  со интонирање на македонската и унгарската химна, со највисоки државни и воени почести.

Read More

Од партиски извори се дознава дека за градоначалник на Скопје фаворит на Мицкоски бил актуелниот министер за локална самоуправа, Златко Перински, кој отворено изјавува дека би сакал да биде градоначалник на Скопје. Од друга страна пак, партиската база на градоначалничкото место за Скопје го гледа Орце Ѓеорѓиевски, актуелниот градоначалник на Кисела Вода.

Read More

Во Тетово денеска повторно се одложи за 27 март судењето за Теодора Ристовска, која во 2022 година на 22 години го загуби животот во сообраќајна несреќа. Судијата Елведин Ферати информираше дека причина е тоа што не е присутен обвинетиот Менсур Пајазити, како и неговиот бранител Александар Богдановски.

Read More

САД денеска воведоа нови царини од 25 отсто на увозот од Канада и Мексико, како и двојно зголемување на царините за кинеска стока, што предизвика нов бран трговски тензии со трите најголеми американски трговски партнери. Новите царини, кои стапија во сила ноќеска во 12:01 часот по источно време, може да влијаат врз трговија вредна 2,2 трилиони долари. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека одлуката е одговор на, како што тврди, „недоволните напори“ на Канада, Мексико и Кина да го спречат шверцот на фентанил во САД. – Доста беше. Нема да дозволиме овие земји да седат со скрстени раце додека Американци…

Read More

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди привремено запирање на воената помош за Украина, неколку дена по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба, потврди висок функционер на Белата куќа.

Read More

 Во изминатиот период во Министерството за внатрешни работи граѓаните пријавувале се повеќе кривични дела „измама“, што се извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведувале во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници, и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици.

Read More