Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Украински пратеник за Трамп: Ова е срамен момент во историјата

0
By Marija Todorovska on March 4, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 4, 2025 10:55

Американскиот претседател Доналд Трамп нареди привремено запирање на воената помош за Украина, неколку дена по состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Овалната соба, потврди висок функционер на Белата куќа.

По оваа одлука, стаса и првата реакција од Украина.

Пратеникот Олександр Мережко, член на партијата на Зеленски, изјави дека е „шокиран“ од одлуката на Вашингтон.

– Ова што се случува е неверојатно. Дури и во најлошите кошмари не можев да замислам дека Трамп би ја прекинал воената помош во момент кога ни е најпотребна, изјави тој за Би-Би-Си Њуздеј.

Мережко додаде дека верува оти Трамп се обидува да ја маргинализира Украина и Европа за да постигне договор со Русија.

-Мислам дека господинот Трамп треба сериозно да размисли како ќе биде запаметен во историјата. За мене, ова е ден што ќе остане запишан како срамен момент, заклучи украинскиот пратеник.

-Сопирањето на помошта сега значи да му се помогне на (рускиот претседател Владимир) Путин. На прв поглед, ова изгледа многу лошо. Изгледа дека Доналд Трамп не турка кон капитулација, кон прифаќање на руските барања. Најлошото е што ова е психолошки и политички удар за Украина – тоа не му помага на нашиот морал. Ова е полошо од Минхен, затоа што тогаш барем не се обидоа да ја прикажат Чехословачка како агресор. Но, сега тие се обидуваат да ја обвинат жртвата на агресија – и тоа е крајно опасно“.

Со споредбата со Минхен, тој алудира на 30 септември 1938 година кога, Германија, Велика Британија, Франција и Италија постигнаа договор со кој на нацистичка Германија ѝ се дозволи да ја анектира Судетската област, тогаш западниот дел на Чехословачка.

Според извор на Фокс Њуз, оваа одлука на Трамп не значи траен прекин на помошта, туку привремена пауза. Медиумот цитира функционер од администрацијата на Трамп, кој рекол: „Ова не е крај на помошта, туку преиспитување на нејзината улога во конфликтот“.

Според Блумберг, испораката на целокупната американска воена опрема што сè уште не стигнала во Украина е стопирана. Ова вклучува оружје што се транспортира со авиони и бродови или се наоѓа во транзитни зони во Полска.

Воена помош САД Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.