Author: Marija Todorovska

 Најчесто регистрирано акутно заразно заболување во јануари се овчите сипаници со вкупно 543 пријавени лица. Во однос на претходниот месец, декември, се регистрира намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 47,0 отсто, додека во однос на јануари 2024 се регистрира намалување за 39,9 проценти, покажуваат податоците од извештајот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за движењето на акутните заразни заболувања во државава претходниот месец.

Read More

Делегациите на САД и Русија се согласија „да се осврнат на надразнувачите на нашите билатерални односи со цел да се преземат чекори неопходни за нормализирање на работата на нашите соодветни дипломатски мисии“, рече портпаролката на американскиот Стејт департмент Тами Брус по денешните разговори во Ријад.

Read More

Во сегашниот момент на почетокот на исклучително важниот мировен процес за Украина, факт е дека не е можно решение без Украина и без Европската Унија, порача денеска заменикот главен портпарол на Европската комисија, Стефан де Керсмакер.

Read More

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски изјави дека ќе се произнесе по предлогот за негово разрешување откако Владата ќе го достави до Советот на јавни обвинители. Во однос на барањето на премиерот Христијан Мицкоски да ја напушти функцијата, Коцевски рече дека ќе одговори откако ќе ги види основите предвидени во Законот за јавно обвинителство. Доколку се утврди дека навистина има тешка дисциплинска повреда, тој рече дека сам ќе се повлече од функцијата.

Read More

Портпаролот на Кремљ Дмитриј  Песков рече дека денешните руско-американски преговори во Саудиска Арабија би можеле да донесат „повеќе јасност“ во врска со евентуалната средба лице в лице меѓу претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин.

Read More

Советот на јавни обвинители на следната седница ќе одлучува по барањето на јавната обвинителка Наташа Крстевска Цалева да биде ослободена од функцијата шефица на Вишото јавно обвинителство Скопје, додека трае оддалечувањето од функција на вишиот јавен обвинител Мустафа Хајрулахи.

Read More