Author: Marija Todorovska
Американски федерален судија нареди администрацијата на Доналд Трамп да ја укине тримесечната забрана УСАИД да финансира разни проекти, а како причини ги наведе огромните штети направени врз непрофитните организации и другите институции кои ја спроведуваат американската помош во странство.
Атина: Сериозни проблеми на патната инфраструктура и поплави предизвика невремето што од синоќа го зафати грчкиот остров Кефалонија, а денеска до жителите беше испратена порака од бројот за итни случаи 112 да ги ограничат нивните движења, додека пак оние од Закинтос добија порака со предупредување за „опасни временски појави“.
Основното јавно обвинителство Битола, по пријава од Управата за финансиска полиција, започна постапка против седум лица за злоупотреба на службена положба и овластување, како и против три лица за несовесно работење во службата. Постапката е проширена и за едно правно лице и неговиот управител, кои не биле опфатени во пријавата од УФП. Сомневањата се дека директорот на РЕК Битола, заедно со други осомничени, незаконски избрал поскапа понуда за јавна набавка, што резултирало со значителна штета за државниот буџет.
Со изведување на материјални докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за убиството на Вања и Панче.
Значи, не може тоа туку така – да се пиело нескафе или да се јаде хамбургер еднаш месечно или почесто. Не можете да си дозволите такви луксузи, да бидете прејадени!
Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата на РСМ одржана на 11 февруари годинава презеде активности и подготви мислење за предлог разрешување на државниот јавен обвинител кое го достави до Владата за натамошно процесуирање согласно Законот за Јавното обвинителство и Уставот на Република Северна Македонија.
Агенцијата за национална безбедност (АНБ) денеска соопшти дека почнува со примена на полиграфско тестирање. Полиграфското тестирање ќе се применува како задолжителен чекор во процесот на селектирање лица за вработување, во постапките за проверка на професионалниот интегритет на вработените, при вршење на безбедносни проверки за кои е надлежна Агенцијата, како и во сите други случаи во согласност со Законот за Агенција за национална безбедност.
Полесните случаи на болни деца од Клиниката за педијатрија ќе се лекуваат во поликлиниката Бит Пазар каде е отворен нов, специјалистички педијатриски пункт. Пунктот ќе работи секој ден од 19.30 – 7.30 и во недела 24 часа, а располага со сите потребни медицински средства за преглед, анализи и третман на деца до 14 години.
По една деценија повторно се отвара прашањето за смена на државниот грб во Северна Македонија. Последен пат промена на грбот предложи Владата на Никола Груевски во 2014 година, но не успеа да обезбеди двотретинско мнозинство за поддршка на оваа идеја. Стануваше збор за црвен лав на златно-жолта позадина во форма на штит, како и круна во горниот дел во форма на тврдина. Меѓу објаснувањата на тогашната власт беше дека Македонија и Белорусија биле единствени во Европа што имаат државен грб инспириран од советската хералдика.
Љупчо Палевски Палчо, обвинет за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски на почетокот од денешното судење побара изземање на јавните обвинителки во процесот, Жаклина Крстевска Јосифовска и Ана Стојковиќ Димитриевска и шефот на ОЈО Скопје, јавниот обвинител Гаврил Бубевски.
Отворено писмо на вработените во Македонска филхармонија упатено до премиерот Мицкоски и министерот Љутков, по повод конкурсот за избор на директор:
Женева: Светската здравствена организација (СЗО) објави нови резултати од истражување што покажуваат загрижувачки ниска свест за врската помеѓу алкохолот и ракот во Европа, што ја поттикна да повика на воведување јасни и видливи предупредувања за алкохолните пијалоци, слични на оние на пакувањата со цигари.
