Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови докази на судењето за убиството на Вања и Панче: Откриени комуникации и предмети од местото на настанот

0
By Marija Todorovska on February 14, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, February 14, 2025 14:21

Со изведување на материјални докази од страна на Јавното обвинителство денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за убиството на Вања и Панче.

Дел од изведените докази вклучуваа предмети собрани од местото на настаните и извештаи од техничка обработка на возилото Рено Кангу.

-Работни ракавици и отпушоци од цигари пронајдени во пластична чаша. Пронајдени и подигнати при извршеното обезбедување на доказен материјал од извршен увид на 7.12.2023 во подрумските простории на улица „Наум Наумовски Борче“, за да се утврди дали на истите има траги со идентификационо значење, рече обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска.

Дополни дека при извршен увид на 5.12.2023 на возило Ренџ Ровер се пронајдени јакна која што Кешишов ја носел на местото на настанот, вреќа во која починатиот Панче Жежовски бил закопан во дупката во која што е пронајден.

-Лопатата и останатите предмети, црната вреќа со голем куфер, црната вреќа со мал куфер, средна вреќа со две перничиња и теписон се предмети што се подигнати од извршениот увид на местото каде што е пронајдено телото на починатата Вања, дополни таа.

Кај обвинетиот Палчо, при претресите, имало пронајдени различни папки и документи, како и комуникации на социјалните мрежи.

-На 27.11.2023 осум инстант пораки од кои една во 7:29 на турски јазик. А останатите на 4.12.2023. Комуникација на ватсап, фејсбук. На фејсбук се користени девет различни профили од кои што во интерес се две комуникации остварени на 1.12.2023 со Влатко Кешишев и со Стефан Димковски. На Инстаграм користел само еден профил на 23.11.2023, образложи таа.

Во однос на пораките ги има во периодот од 30.11.2023 до 3.12.2023 таа рече дека е пронајдена комуникација на Вибер со лице по име Драган кој според комуникацијата се наоѓа во Москва, на кого обвинетиот Палевски на 1.12.2023 во порака му пишува дека на 5.12.2023 планира да стигне во Москва, па бара од него помош да го земе од аеродром.

-Важна е комуникација на 27.11.2023 со лице запишано како Геге шампион 2, кого Палевски го прашува дали може да поминат со лице Ферат на кафе, на што Палевски му одговара дека е уморен, цела ноќ не спиел, дополни таа.

Беа изведени и вешт наоди и мислење од доктор Александар Марцикиќ, психијатар, за обвинетиот Љупчо Палевски, како и доказ дека обвинетиот е осудуван.

Обвинителство денеска предложи и да се изведат шест ЦД дискови со видеа од безбедносните камери поставени на куќата на обвинетиот Велибор Манев, на кои се наоѓа материјал од безбедносните камери, кој ги опфаќа деновите од 20.11 до 3.12 2023 година со 24 часовен надзор.

-На видеата се гледа нивното собирање околу убиството на Панче Жежовски, рече обвинителката.

Одбраната на Палевски не прифати да се изведат доказите од причина што не се наведени во листата на докази и побара дополнително време за увид во истите. Судот ја одложи расправата за 21 февруари.

Вања докази Палчо Панче судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.