Author: Marija Todorovska
Во Нови Сад вечерва се одржува протест, на кој повикаа студентите во блокада, а како причина го наведоа кршењето на автономијата на универзитетот и прекумерната употреба на сила од страна на полицијата за време на протестот во претходните денови пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование (ФФК).
Од Кабинетот на претседателот на Собранието, Африм Гаши вечерва соопштија дека седницата на собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање, која првично беше закажана за денеска во 17:00 часот, по договор на пратеничките групи преку координативен состанок ќе се одржи на 10 септември.
Албанскиот премиер Еди Рама, во однос на „чистите плажи“, како најголеми загадувачи ги посочи локалните, косовските и македонските туристи, кои „зборуваат албански“, иако, како што рече, се претставуваат како најголеми патриоти.
Разумно е на Северна Македонија да и се гарантира дека нема да бараме да прави ништо повеќе подоцна, откако ќе го стори она што сега го очекуваме и сакаме од неа, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по средбата со бугарскиот премиер Росен Жељазков во Софија.
Прашањето е – уште колку млади треба да бидат повредени или трајно оштетени пред политичките лидери да преземат реална одговорност и да покажат дека национализмот не е нивното најсилно оружје во кампањата?
ЈСП Скопје соопшти дека по повод државниот празник 8 Септември – Денот на независноста, ќе работи по неделен возен ред.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц, во интервју за официјалниот медиумски канал на неговата партија Христијанско-демократска унија, изрази загриженост дека Европа не ја исполнува својата улога на светската сцена и не ги штити соодветно своите интереси.
Здравиот има многу желби, а болниот само една, а тоа е да оздрави. Болните и нивните семејства имале доверба во обвинетите дека ќе ја добијат потребната терапија и нивното здравје нема да биде нарушено, изјави обвинителката Ана Гоговска Јакимовска, во воведен говор во случајот „Онкологија“, против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти.
Земјите-членки на ЕУ на трансродовите лица мора да им издаваат документи за лична идентификација во кои ќе биде наведен нивниот нов родов идентитет, дури и во случај ако не го завршиле процесот на транзиција на полот, смета генерален адвокат на Судот на правдата на ЕУ.
ретседателот на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање Скендер Реџепи денеска на прес-конференција рече дека денешната седница не била одложена, туку поништена и најави дека ќе постапува само согласно Деловникот на Собранието.
Бришење и поправење на оценки веќе нема, од страна на наставниците, како и директорите на училиштата да интервенираат во графите на електронскиот дневник. Тоа електронскиот дневник веќе не го дозволува порача денеска министерката за образование и наука, Весна Јаневска, која одговараше на новинарско прашање за реакциите за фукционалноста на е дневникот, како и за забелешките за учебници кои се оштетени.
Одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти денеска пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека против Васев се води „некој вид на заговор“ и дека во целост ќе се спротивстават и побијат доказите на Обвинителството преку основани и цврсти докази, вклучително и вештачења и вербално сослушување на докторите Даворин Милосављевиќ од Белград, Србија и Маја Радник, од Марибор, Словенија, кои ги изработиле вештачењата на Обвинителството.