Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Одбраната на Васев: Против него се води „некој вид на заговор“

0
By Marija Todorovska on September 5, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 5, 2025 13:04

Одбраната на поранешниот директор на Клиниката за онкологија Никола Васев, кој заедно со уште тројца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти денеска пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека против Васев се води „некој вид на заговор“ и дека во целост ќе се спротивстават и побијат доказите на Обвинителството преку основани и цврсти докази, вклучително и вештачења и вербално сослушување на
докторите Даворин Милосављевиќ од Белград, Србија и Маја Радник, од Марибор, Словенија, кои ги изработиле вештачењата на Обвинителството.

Како вербални докази, адвокатот на Васев рече дека, предлагаат сослушување на вештите лица од Словенија и Србија што го изработиле вештачењата за Обвинителството во предметот, со оглед на одлуката на Судот за одбивање на барањето за нивно одбивање како прибавени на незаконит начин.

Имаме јасна цел да докажеме дека обвинетиот Никола Васев професионално и законито ја извршувал својата професија и работни задачи на Клиниката за онкологија. Преку сослушување на овие лица покажуваме јасна намера дека не ни е целта вознемирување на јавноста во нашата држава и на тој начин да ја градиме одбраната, туку сведоците да посочат за работењето на Клиниката, односно за постоењето и следењето на протоколи на Клиниката, како и на правилно извршување на задачите на обвинетиот, изјави адвокатот на Васев.

Васев, кој пред Основниот кривичен суд Скопје рече дека не се чувствува за виновен, реагираше и дека „се дозволило во постапката вешто лице што јас сум го сменил од директор на Клиниката кога сум станал директор 2017 година“.

Зошто не се опфатени првите шест месеци од мојот мандат… многу едноставно зошто наследив долг од 1,7 милиони евра и на крајот од годината завршиме со долг од 30 илјади евра. Тоа лице што ги направило тие долгови и реверзи на лекови што ги наследив не може да биде вешто лице во мојот случај, а сум го сменил од директорско место за нестручно работење, изјави Васев.

Васев, пред Судот, исто така посочи дека има 35 години рабоно искуство со 1 000 пациенти годишно, членство во сите европски институции за изработување на сите тие протоколи за кои ме обвинуваат, повеќе од десет авторски трудови со најголем импакт фактор, единствен од Македонија што има авторски труд во Ланест, баш за употреба на имунотерапија,

Во судница присутни се и останатите тројца обвинети Мери Пешевска, Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски, сите вработени на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје.

Пешевска призна вина, додека Црвенкова и Јакимовски, рекоа дека апсолутно не се чувствуваат виновни и дека за секој пациент се бореле како за себе и тоа ќе го докажат во текот на постапката.

На почетокот, судијката Снежана Марковска, информираше дека  приговорите на одбраната за вештачењата изработени во Словенија и Србија, се одбиваат како неосновани.

Не се дозволува издвојување на вештачењата од списите на доказите по предметот. Со оглед дека се доставени замолници за меѓународна правна помош до надлежните органи согласно законите за меѓународна правна помош, судот цени дека доказите се прибавени на законите начин, изјави судијката Марковска.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Покрај ова, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено уште едно обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет. 

Васев мери пешевска Онкологија судење
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.