Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Национализмот повторно на сцена: Младите како „топовско месо“ во предизборната борба

0
By Marija Todorovska on September 5, 2025 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 5, 2025 15:07

Прашањето е – уште колку млади треба да бидат повредени или трајно оштетени пред политичките лидери да преземат реална одговорност и да покажат дека национализмот не е нивното најсилно оружје во кампањата?

Дехран Муратов

Со приближувањето на локалните избори, национализмот повторно се користи како најевтино, но и најопасно политичко оружје. Во само неколку дена, во Битола, Тетово и Велес се случија серија етнички инциденти – физички напади, навреди и графити со говор на омраза.

Заедничко за сите е што младите се во првите редови – како извршители или како жртви. Навивачките групи се претвораат во паравоени структури кои шират страв и омраза, додека политичарите остануваат на декларативни „осуди“, без реална (ре)акција.

Особено алармантно е што навредливи скандирања се случуваат и во присуство на премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Со тоа се испраќа порака дека омразата е дозволена, па дури и охрабрувана.

„Чкембари“ во Битола нападнаа Албанец, државјанин на Шветска

Во Битола, на 28.08.2025 на „Широк Сокак“, навивачи на „Чкембари“ нападнаа 32-годишен Албанец, државјанин на Шведска кој престојува во Дебар. Причината за нападот е дека носел маица со симболи поврзани со Албанија. Жртвата, откако не можел да се одбрани, „доброволно“, според МВР, им ја предал маицата, а напаѓачите избегале.

По една недела, СВР Битола поднесе пријава против 5 малолетници, односно четворица 17-годишници и еден 14-годишник, сите од Битола. Со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, а во службен разговор во полициска станица го признале делото. По целосно документирање на случајот, против лицата ќе биде поднесена пријава по член 319 од Кривичниот законик – „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа“.

„Војводи“ претепаа Албанци средношколци во Тетово

Во Тетово, членови на навивачката група „Војводи“ физички нападнале двајца средношколци Албанци. Пред нападот ги навредувале со етнички погрдни зборови, а потоа ги претепале со тупаници и клоци.
Едниот ученик завршил со скршен нос, другиот со скршени ребра и рака. Полицијата уапси четворица навивачи, а се бараат и други.

Говор на омраза кон Албанците преку графити во Велес

Во Велес, пак, се појавија графити со пораки: „Секој Ш****р што оди нагоре, се враќа ладен“ и „Добар Ш****р е мртов Ш****р“. Општината реагираше со нивно чистење, но МВР сè уште нема информации за сторителите.

Национализмот како предизборно оружје: Политичарите само декларативно „осудуваат“, младите ја плаќаат цената 

Во само неколку дена, „Чкембари“ и „Војводи“ беа инволвирани во инциденти со етничка позадина, а Велес стана платно за графити со говор на омраза. Тоа е јасен сигнал дека етничките тензии се систематски поттикнувани, а не случајни испади. Овие три случаи во само неколку дена не се изолирани инциденти, туку дел од пошироката матрица на создавање тензии во предизборен период. Политичарите со декларативни изјави „осудуваат“, но на терен ништо не се менува.

Прашањето е – уште колку млади треба да бидат повредени или трајно оштетени пред политичките лидери да преземат реална одговорност и да покажат дека национализмот не е нивното најсилно оружје во кампањата?

Во ваква атмосфера, потребна е итна реакција од институциите, но и од политичките лидери, за да не се дозволи предизборниот период повторно да се претвори во арена на поделби и насилство.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

млади национализам политичка кампања
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.