Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кошта: Разумно е да и гарантираме на Северна Македонија дека нема да бараме ништо друго по уставните измени

0
By Marija Todorovska on September 5, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, September 5, 2025 16:08

Разумно е на Северна Македонија да и се гарантира дека нема да бараме да прави ништо повеќе подоцна, откако ќе го стори она што сега го очекуваме и сакаме од неа, изјави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по средбата со бугарскиот премиер Росен Жељазков во Софија.

Северна Македонија долго време работи на овој процес. Го разбирам нивното негодување. Тие го сменија Уставот, го сменија знамето, го сменија и името на земјата и секако очекуваат да се конкретизира пристапувањето. Но, она што е одобрено е одобрено, она што е договорено е договорено и тие мора да го спроведат, додаде Кошта.

Тој истакна дека лично е ангажиран и разговара со властите во Софија и во Скопје и дека очекува по завршувањето на изборниот период во земјава да продолжат разговорите и „некако да се постигне напредок во овој процес“.

Во исто време, многу е важно да се изгради доверба. Исклучително е важно да се изгради доверба. Тоа е една од причините зошто ги повикуваме владите да работат на специфични прашања што можат да ја подобрат поврзаноста на двете страни. Тоа може да ги подобри условите и конкурентноста во двете економии. Да се поврзат двата народа, рече Кошта.

Според него, пристапувањето кон е ЕУ е процес кој бара многу и е многу тежок, при што треба да се спроведат реформи, но најважно е да се промени начинот на размислување.

Најважното нешто во регионот е одлуката дека само самиот регион може да ги надмине конфликтите од минатото и да се фокусира на заедничка иднина. И тоа е најважното нешто. Кога има каков било сомнеж дали е тоа можно, секогаш запомнете како всушност е родена Европската Унија. Нашата Унија е родена од пепелта на Втората светска војна, кога Франција и Германија, по три драматични војни, одлучија да ги надминат конфликтите и да работат заедно за изградба на заедничка иднина, истакна Кошта.

Тој оцени дека регионот мора да го следи тој пример и да продолжи понатаму за да отвори нова страница за просперитет и мирна иднина за сите.

Жељзаков од своја страна нагласи дека Бугарија и со одлука на Собранието потврдила дека нема да поставува никакви други барања за земјава.

Се надеваме дека говорот на омраза и почитувањето на правата на бугарското малцинство, вклучително и обврската да биде вклучена во Уставот на Република Северна Македонија, ќе бидат исполнети, бидејќи ова е предуслов за да продолжат по патот кон полноправно членство (во ЕУ), додаде Жељазков.

Кошта уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.