Author: Marija Todorovska
Љубомир Костовски: Каков треба да биде наративот од извештајот за протестите во населбите Аеродром и Ново Лисиче? Па да погледнеме на програмата на МТВ. На утринските вести денес (10 часот) се даде веројатно вчерашен извештај за овој настан со масовно учество на граѓани.
Бројот на загинатите при вчерашниот инцидент со фуникулар во Лисабон достигна 17, соопштија денеска службите за заштита и спасување.
Вчера во Тетово, откако членови на навивачката група „Војводи“ физички нападнале двајца средношколци од албанска етничка заедница, јавува ИНА.
Федерален судија во САД вчера донесе одлука дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп незаконски ги замрзнала грантовите во износ од околу 2,2 милијарди долари наменети за универзитетот Харвард и дека повеќе не смее да го прекинува финансирањето на истражувањата на престижната институција од Бршленовата лига.
Власта да не бега од вистината, АНБ веднаш да направи декласификација на целата документација поврзана со случајот кој се обиде да го претстави како наводна афера за прислушкување. Не е точно дека преку судска постапка треба да се декласифицирата документите, тоа е само алиби, параван зад кој се крие вистинската намера на власта, се вели во соопштението од СДСМ.
Корисниците во повеќе земји од Источна Европа, но и во САД, пријавија значителен и тековен прекин на услугите на Гугл, што предизвика сериозни нарушувања во работата и секојдневниот живот.
Најмалку 15 лица загинаа, а 18 се повредени откако излета од шините фуникуларот „Глорија“ во Лисабон, соопшти портпарол на службите за итна помош.
Орце Георѓиевски се пофали дека во неговиот тим меѓу неколкумина професори бил и Гоце Станковски, кој своевремено како раководител во Министерството за транспорт и врски беше уапсен, обинет и осуден за примање поткуп.
Кривична пријава е поднесена против петмина вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за „злоупотреба на службена положба и овластување“, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.
Собранието попладнево во рамки на 67. седница ја заврши расправата по Предлог на Законот за средно полициско училиште по скратена постапка. Гласањето за овој предлог-закон ќе биде дополнително закажано.
Женева: Комитетот на ОН за правата на лицата со попреченост –СЦДП (CRDP) денеска објави дека најмалку 21.000 деца во Појасот Газа страдаат од некаков вид инвалидитет како резултат на војната меѓу Израел и Хамас која тарее речиси две години.
Кремљ денеска соопшти дека треба да се игнорираат ставовите на германскиот канцелар за мировните преговори за Украина , откако Фридрих Мерц рече дека Владимир Путин е „можеби најлошиот воен злосторник на нашето време“.