Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието ја заврши расправата по Предлог на Законот за средно полициско училиште по скратена постапка, гласањето ќе биде дополнително закажано

0
By Marija Todorovska on September 3, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 3, 2025 15:42

 Собранието попладнево во рамки на 67. седница ја заврши расправата по Предлог на Законот за средно полициско училиште по скратена постапка. Гласањето за овој предлог-закон ќе биде дополнително закажано.

Потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска соопшти дека овој закон се донесува со мнозинство гласови од присутни пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од присутните пратеници што припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство.

Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ нагласи дека оваа законско решение е противуставно, целосно е вон од Законот за средно образование, во никаква корелација со овие законски норми и на тој начин, како што рече, излегува надвор од рамките од образовниот процес во Македонија.

Ваков закон не треба во никој случај да се носи по скратена постапка заради тоа што, како што рече, не е закон којшто е едноставен во однос на спроведувањето за да можеме набрзина да ги донесеме законските решенија без притоа да се направи една целосна анализа и во однос на потребата и во однос на концептот којшто треба да го направиме за да еве ако сакаме да воведеме средно полициско образование, како и на кој начин тоа да го направиме и при тоа таа анализа да биде и во насока да видиме како тоа се прави во Европа и во светот во овие моменти, што е тоа што одговара на македонското општество или не одговара итн. На основа на тоа да се носат одлуки при носењето на законско решение и затоа сметам дека вака набрзина во скратена постапка ќе биде едно законско решение коешто ќе е избрзано и коешто на крајот нема да ги даде ефектите такви какви што треба да ги даде и веројатно ќе доаѓа до промени на законски решенија како што тоа се правеше во изминатиот период, рече Спасовски.

Собранието во рамки на денешната седница по скратена постапка донесе неколку закони – Предлог на законот за изменување на Законот за проспекти и обврски за транспарентност за издавачите на хартии од вредност, Предлог на законот за изменување на Законот за решавање банки и Предлог на законот за изменување на Законот за финансиски инструменти.

И денешното продоолжение на пленарната седница почна по едночасовна пауза на барање на пратеничката група на Левица кои очекуваат одговор од генералната секретарка на Собранието за патните трошоци и кирии за сите пратеници.

Собрание Спасовски средно полициско училиште
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.