Author: Marija Todorovska
Метапневмовирус е стар вирус, не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19, изјави попладнево, портпаролот на Комисијата за заразни болести Злате Мехмедовиќ. Тој нагласи дека нема простор за паника ниту кај нас, ниту каде било.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција, поднесе кривична пријава против поранешен началник на Одделот за воздухопловни единици Н.А. од Куманово поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Со почетокот на новата година словенечкиот град Нова Горица и германскиот Кемниц ја презедоа титулата европски престолнини на културата за 2025-та, со што во следните 12 месеци тие ќе бидат домаќини на повеќе културни настани, изложби и перформанси со кои ќе биде истакнато заедничкото богатството на европски култури.
Трошоците на животот во 2024 година, во однос на 2023 година, бележат пораст од 3.5 %, а цените на мало од 3.8 %, соопшти Државниот завод за статистика.
Ми делува дека најновата стратегија на нашата влада е да чека некои поповолни времиња во ЕУ за нас, најверојатно поврзани со реформи околу системот на носење одлуки за проширувањето. Така, ќе ги гледаме Украина и Молдавија како брзо напредуваат, а ние ќе тапкаме во место барем уште неколку години, потенцира Николовски.
Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 1,00, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.
Деканот на Правниот Факултет при Универзитетот во Тетово, Сафет Емурли информира дека на Артан Груби, кој е вработен како професор на отсекот по новинарство, му е испратено решение за отказ.
Бидејќи концептот на ЕУ и зачленувањето во неа е прифаќање и споделување на заеднички цивилизациски вредности, но пристапувањето кон неа треба всушност да означува, првично врска со најблиските, со соседите кое историско заедништво секако е несомнено. Токму тука се споделува менталитетот, обичаите, традицијата, навиките, секојдневниот живот. Тоа е придобивката која малку кој ја приметува, а која ја означува суштината на нашите евро-атлантски аспирации . Да влеземе во поширокото семејство, не за да заминеме далеку, туку да останеме тука, блиску со соседите, со пријателите, со најблиските.
Со месеци, хуманитарните организации предупредуваа дека делови од Газа се подложни на зимски поплави и дека се потребни значителни количини засолништа, опрема за одговор на поплави, ќебиња и топла облека за да се спречи катастрофа во јавното здравје.
Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Струмица.
Скопје и утрово е меѓу 10-те градови со најголемо аерозагадување во светот. Според табелата на платформата за мерење на аерозагадувањето „Ај кју аир“, во 9 :45 часот главниот град се наоѓа на седмо место во светот и е најзагаден град во Европа.
Во Солун е потврден првиот случај на човечкиот метапневмовирус ХМПВ, како што објавија медиумите, кај 71-годишен маж, кој е хоспитализиран, додека пак според грчките епидемиолози и министерот за здравство, нема простор за паника, бидејќи како што објаснуваат, станува збор за вирус познат над 20 години.
