Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кемниц и Нова Горица ја носат титулата Европски престолнини на културата за 2025

0
By Marija Todorovska on January 8, 2025 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 8, 2025 13:51

Со почетокот на новата година словенечкиот град Нова Горица и германскиот Кемниц ја презедоа титулата европски престолнини на културата за 2025-та, со што во следните 12 месеци тие ќе бидат домаќини на повеќе културни настани, изложби и перформанси со кои ќе биде истакнато заедничкото богатството на европски култури.

Како што соопшти денеска Европската комисија, дополнителна димензија на овие активности ќе им додаде и фактот што годинава се одбележуваат 40 години од покренувањето на иницијативата за прогласување на европски престолнини на културата.

Според еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Глен Микалеф, Нова Горица и Кемниц ќе имаат можност да ги покажат различностите, идентитетите и вредностите на европските култури, истовремено истакнувајќи го она што ги зближува европските граѓани во славењето на различност, идентитети и вредности на ЕУ.

– Честитки за нашите европски престолнини на културата во 2025 година, Кемниц и Нова Горица, изјави Микалеф, додавајќи дека ова претставува и можност „да се размислува за влијанието на оваа престижна иницијатива во изминатите 40 години“.

Официјалната инаугурација на Кемниц за европска престолнина на културата за 2025 година ќе се одржи на 18 јануари, а на Нова Горица на 8 февруари.

Според најавите на властите, како носител на оваа титулата Нова Горица има намера да расте заедно со соседниот пограничниот италијански град Горица, станувајќи „европска престолнина на културата без граници“. На овој начин, според најавите, концептот на границите ќе може да се истражи од повеќе димензии си помош на културни и уметнички средства,

Кемниц, пак, титулата европска престолнина на културата за 2025 година ќе ја одбележи под мотото „Види го невиденото“ и има за цел да ја зајакне улогата на граѓанското општество преку културни проекти и да изгради мрежа на „европски креатори на демократијата“.

Како признание за квалитетот на нивните подготовки за одбележување на титулата европска престолнина на културата, Европската комисија донесе одлука на Нова Горица и Кемниц да им ја додели наградата „Мелина Меркури“, чија парична вредност изнесува 1,5 милиони евра и е финансирана во рамки на програмата „Креативна Европа“.

Според ЕК, титулата европска престолнина на културата им овозможува на градовите што ја носат да го засилат својот локален и регионален развој преку културата и им обезбедува долгорочни културни, економски и социјални придобивки, како за самите нив, така и за околните региони.

– За да бидат избрани, градовите мораа да постават културна програма со силна европска димензија, промовирајќи го активното вклучување на заедниците во нивниот град, се додава во соопштението.

Инаку, титулата европска престолнина на културата во 2028 година ќе ја носи Скопје, заедно со францускиот град Бурж и чешкиот Чешке Будејовице.

Европска претолнина на културата Кемниц Нова Горица
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
shortcut
ФОКУС
August 14, 2026

Гостиварчани конечно се напија и од своите домашни чешми

ВЕСТИ August 14, 2026

Жителите на Општина Гостивар може повторно да ја користат водата од Градскиот водовод за пиење,…

Денеска ќе се знае дали гостиварчани конечно ќе пропијат вода од чешма

August 14, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

August 13, 2026

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026
ТИКЕР

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.