Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Скопје во Европа прв, а во светот седми најзагаден град

0
By Marija Todorovska on January 8, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 8, 2025 10:48

Скопје и утрово е меѓу 10-те градови со најголемо аерозагадување во светот.  Според табелата на платформата за мерење на аерозагадувањето „Ај кју аир“, во 9 :45 часот главниот град се наоѓа на седмо место во светот и е најзагаден град во Европа.

Со вредност на нивото на штетни ПМ честички од 164 единици воздухот во Скопје е во категоријата означена со црвено како „нездрав“ воздух.

Листата на најзагадени градови ја предводат Дака (197) во Бангладеш,  Лахор (180) во Пакистан и Делхи во Индија (174),

Од градовите во Европа, по Скопје, според загаденоста на воздухот се Сараево на 35 место, Букурешт на 36. место и Приштина на 37 место.

Изминатите денови главниот град е меѓу најзагадените градови во Европа и светот.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека единствен начин да се намали емисијата на штетни честички е во зимскиот период да се смени системот на затоплување домови. Тој рече дека се работи на тоа, но, оти е потребно време и пред се изградба на гасни централи.

– Ние работиме за да се изградат гасни централи. Еден од петнаесетте инвеститори е таков, заинтересиран да изгради такви гасни централи. Но, за тоа ќе треба време, најмалку две до три години за сето тоа да профункционира. За да се изградат топловоди можеби повеќе, можеби пет и шест години, рече Мицкоски.

Од Град Скопје деновиве информираа дека се спроведуваат засилени инспекциски контроли и се изрекуваат казни, Воедно обвинија дека од 14 институции здолжени за животната средина, само тие се на терен.

Европа загаден воздух Скопје
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.