Author: Marija Todorovska

Водечката авиокомпанија во Азербејџан денеска соопшти дека ги прекинува своите летови до неколку локации во Русија поради потенцијална закана, откако се појавија сомневања дека нејзиниот авион бил соборен од руската противвоздушна одбрана оваа недела.

Read More

Љубљана:  Стапката на невработеност на Меѓународната организација на трудот (МОТ) во Словенија во ноември се зголеми седми месец по ред на највисоко ниво од почетокот на 2021 година, покажаа денешните прелиминарни податоци на Заводот за статистика на Република Словенија.

Read More

До Обвинителството и предметните обвинители до денеска нема доставно документ дека осомничениот е недостапен на органите на прогонот, реагираат од Основото јавно обвинителство на изјавата на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој претходно денеска рече дека е вчудоневиден што не е побарана мерка притвор за поранешниот директор на АД ЕСМ Васко Ковачевски, кој е недостапен за органите на прогонот, а е осомничен за проневера на 6,5 милиони евра.

Read More

На иницијатива на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) и Македонскиот институт за медиуми (МИМ), почна процесот на консултации за изработка на нов етички кодекс за новинарите и медиумите. Новиот кодекс ќе ја замени постоечката верзија од 2001 година, со цел да ги одрази современите предизвици и потреби на новинарската и медиумската заедница, информираат од ЗНМ.

Read More

Јавното обвинителство веќе има оформен предмет по допрен глас врз основа на вчерашната изјава на премиерот Христијан Мицкоски, во врска со информациите кои ги изнесе на собраниска седница за пратенички прашања дека претходната власт физички го следела него тогаш како предводник на најголемата опозициска партија, оти наводно бил лидер на паравоена формација. 

Read More

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека американското поседување и контрола на Гренланд е неопходност, но Европската унија нема коментар за тоа. Иако огромното мнозинство жители на Гренлан се граѓани на ЕУ, дипломатската служба на ЕУ, позната како Европска служба за надворешни работи (ЕЕАС), даде само кратки одговори на прашањата на Политико.

Read More

Умерено со алкохолот, редовна терапија за хроничните болни, воздржување од разни пиротехнички средства и оружје, препорачуваат здравствените работници, пред новогодишните и божикните празници.

Read More

Нова година – симбол за нов почеток, нови 365 дена кои ни претстојат. Новата година е најраспространетиот празник кој се одбележува, најчесто со забави, огномети, големи собири на плоштадите низ светот. Меѓутоа начинот, а и датумот на Нова година варира кај различни култури и народи. Постојат неколку видови на Нова година низ светот:

Read More

Министерството за внатрешни работи денеска ја промовираше надградената услуга за електронско издавање на уверение за државјанство која е достапна преку националниот портал за е-услуги uslugi.gov.mk.

Read More