Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова година низ светот: Од полноќни огномети до традиции кои се одбележуваат дури во април

0
By Marija Todorovska on December 27, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 27, 2024 10:13

Нова година – симбол за нов почеток, нови 365 дена кои ни претстојат. Новата година е најраспространетиот празник кој се одбележува, најчесто со забави, огномети, големи собири на плоштадите низ светот. Меѓутоа начинот, а и датумот на Нова година варира кај различни култури и народи. Постојат неколку видови на Нова година низ светот:

  • Грегоријанска Нова година

Ова е најраспространетата Нова година која е на 1 јануари. Вечерта на 31 декември за дочек на Новата година се одржуваат прослави. Ширум Европа, САД, Канада, Австралија ја прославуваат оваа Нова Година

  • Кинеска Нова година

Самото име ни кажува дека таа се прославува во Кина и во места каде преовладува кинеско население. Датумот секогаш е меѓу 21 јануари и 21 февруари, секоја година е на различен ден, но секогаш е на првата млада месечина од првиот месечев месец или поточно. Пред Новата година обичај е да се исчисти домот, да се ишиша косата, да се купат нови чевли и облека, фирмите да ги исплатат сите долгови и да се испраќа на познаниците ориз како подарок. Главната прослава вклучува семејна вечера нешто слично на христијанската Божиќна вечера или американската вечера за Денот на благодарноста. Обичај е надворешната врата да не се отвора се до наредното утро.

  • Православна Нова година

Помеѓу народот често позната и како Стара Нова година. Традицијата за славење на оваа Нова година се негува во нашата земја, Србија, Русија, Црна Гора, Украина, Белорусија, Ерусалим, делови на Шкотска и Швајцарија. Кај нас овој ден е познат и како Василица и многумина ја слават и како домашна слава. Со забави, концерти се прославува вечерта на 13 јануари, а на 14 јануари најчесто прославите се црковни. Во многу семејства на овој ден се крши и лепче со паричка и се верува дека на оној кој ќе му се падне паричката ќе го прати среќа целата година.

  • Тајландска Нова година

Во Тајланд Новата година се прославува на 13 април според древниот индиски астролошки календар. Тие денови луѓето се прскаат со вода меѓусебно низ тајландските улици, а имаат и обичај да размачкуваат бела глина верувајќи дека тоа го отстранува лошото. За Нова година на Тајланд статуата на Буда се мие со вода со ливчиња од јасмин и роза.

  • Индиска Нова година

Се слави во март, тогаш се одржува и фестивалот Холи кога сите меѓусебно се бојат.

  • Еврејска Нова година

Еврејската Новата година се одбележува во септември или октомрви, наречена е Рош Хашана. Тој период се даруваат јаболка и мед што симболизира слатка година.

  • Шкотска Нова година

Во Шкотска Нова година се прослува вечерта меѓу 31 октомври и 1 ноември. На тој ден се практикува традицијата палење оган и сокање околу него. Овој ритуал е за прочистување.

  • Исламска Нова година

исто така наречена хиџранска нова година или арапска нова година, – денот што означува почеток на новата хиџранска година. Иако во повеќето народи со мнозинско муслиманско население нема големи прослави, многумина го слават како национален празник. Меѓу нив се Обединетите Арапски Емирати, Индонезија, Саудиска Арабија и Тунис. Некои муслимани сунити го одбележуваат денот со доброволен пост.

  • Ка б-Нисан

Позната и како Асирска Нова година која ја слават Асирците од северен Ирак, североисточна Сирија, југоисточна Турција и северозападен Иран, се слави на 1 април. Прославата вклучува паради и забави, а повечето Асирци носат традиционална носија и со часови танцуваат.

  • Новруз, Иранска Нова година

Позната и како Персиска Нова година според календарот на сончевиот Хиџри и се одбележува на 19 и 22 март. Новруз, персиската Нова година, се слави низ различни региони и земји, секој со уникатни обичаи и традиции. Додека основната суштина на Невруз останува иста – добредојде на доаѓањето на пролетта и обновувањето на природата – обичаите може да се разликуваат од една земја до друга.

Иако Нова година поголемиот дел од светот ја прославува вечерта на 31 декември и утрото 1 јануари, сепак одредени народи под влијание на својата култура, религија и историски влијаниа имаат интересни манифестации кои ја збогатуваат светската култура.

Нова година прослави традиции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.