Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пиши-бриши со Цвета Ристовска во Антикорупциска и Универзитетот „Скопје“

0
By Marija Todorovska on December 27, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 27, 2024 10:18

ДКСК испраќа „демант“ до сите медиуми за прилог на Телма за можен конфликт на интереси во случајот на Бојан Христовски и држи поуки како треба да работат новинарите.

Слободанка Јовановска

Телевизијата Телма вчера објави прилог во кој прашува дали во Антикорупциската комисија има конфликт на интереси во случајот за директорот на АНБ Бојан Христовски, а од ДКСК попладнето испратија демант до сите медиуми во кој тврдат дека сѐ е регуларно. Дополнително на Телма ѝ префрлаат дека прави шпекулативни текстови и ја подучуваат како треба да се пишуваат новинарски текстови.

Телма во својот прилог само постави прашање дали кај антикорупционерката Цвета Ристовска постои конфликт на интереси затоа што таа во исто време е и предавач на приватниот Универзитет „Скопје“ (поранешен Универзитет за туризам и менаџмент) и ја прегледува валидноста на дипломата на Христовски стекната токму на тој универзитет.

Во реферирањето Ристовска нагласи дека дипломата на Христовски е чиста чиста според известувањето на просветниот инспекторат. Телма објави дека и на сајтот на Антикорупциската комисија и на сајтот на Универзитетот „Скопје“ во нејзините биографии стои дека е ангажирана како наставен кадар на универзитетот. Таа на Инстаграм страната на Универзитетот во април како колешка добила и роденденска честитка.

Во лутата реакција на ДКСК до Телма и сите други медиуми стои дека нема никаков конфликт на интереси во овој случај, а вечерта Универзитетот „Скопје“ ја отстрани сликата на Цвета Ристовска од списокот на наставниот кадар на кој Ристовска се наоѓаше повеќе од десет месеци по нејзиниот избор за член на ДКСК.

Овој состав на Антикорупциската комисија уште од почетокот работи со контроверзии, од барањата за дипломатски пасоши, преку желбата за службени автомобили, а потоа своевидната крстоносна војна против поранешната директорка на Академијата за судии и јавни ибвинители и дописите полни со прекор до Судскиот совет. А во исто време, нивната транспарентност е сведена на минимално ниво. Нејзините членови, освен претседателката, која единствено се појавува во јавноста, речиси никој не ги знае. Името на Цвета Ристовска наеднаш исплива во пошироката јавност токму поради „помилувањето“ на Бојан Христовски.

Оваа фотографија од списокот на наставен кадар на Универзитетот „Скопје“ ја снема сношти

Реакцијата на Антикорупциската комисија, потпишана од претседателката Татјана Димторовска, изобилува со поуки до Телма како треба да работат нејзините новинари (а преку телевизијата и до целиот новнинарски еснаф), но не даваат одговор како за само неколку часа од емитувањето на прилогот членовите на ДКСК усепале да проверат дека нема конфликт на интереси кај Цвета Ристовска. Откако тврдеа дека нема конфликт на интереси, Универзитетот „Скопје“ ја отстрани фотографијата на Цвета Ристовска од списокот на наставниот кадар.

Еве дел од поширокиот „демант“ на Антикорупциската комисија, во кој се замолуваат „сите медиуми да го почитуваат интегритетот, стручноста и компетентноста на секој член на ДКСК“, а во исто време тие ја поткопуваат професионалноста и стручноста на новинарот Миомир Серафиновиќ од Телма:

„Членот на ДКСК, Цвета Ристовска, нема две позиции во јавниот живот, како што се шпекулира во текстот. Цвета Ристовска дипломирала на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Економскиот Факултет во Скопје во 1991 година, а магистрирала на Универзитетот за туризам и менаџмент – економски науки, во 2011 година. Тоа што на веб страната на ДКСК во делот на нејзината биографија стои дека магистерските студии се тековни, е техничка грешка. Доколку медиумот се обратеше до нас или го контактираше членот на ДКСК Цвета Ристовска, како што налагаат новинарските стандарди и етика, истото ќе беше појаснето. Медиумот воопшто не го контактираше членот Цвета Ристовска на нејзиниот мобилен службен телефонски број, како втор извор на информации, како што налагаат професионалните стандарди.

Сите членови на ДКСК во континуитет внимаваат на потенцијален судир на интереси и совршено добро ги познаваат одредбите од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и Етичкиот кодекс на ДКСК.

Медиумот Телевизија Телма нафрла само наводи во текстот од типот дека членот Цвета Ристовска се сликалa со ректоротот на Универзитетот Скопје, дека е ангажирана како дел од наставниот кадар од Универзитетот, кои наводи се апсулутно шпекулативни, манупулативни и вооппшто не кореспондираат со предметот на постапката што се водеше пред ДКСК.
Со ваквиите наводи медиумот само се обидува да ја замајува јавноста дека зад ваквата одлука стојат некои други шпекулативни интереси, а не правото и законитоста.

Членот на ДКСК нема било каква деловна врска со Универзитетот Скопје, како би дошло до судир на интереси со нејзиното постапување во конкретниот предмет, од причини што Универзитетот Скопје не е предмет на постапување пред ДКСК. Дополнително, Државниот просветен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор на Универзитетот Скопје, заради проверка на наводите во пријавата против директорот на АНБ, Бојан Христовски. По извршениот надзор, беше констатирано дека неговата диплома е во ред. Одлуката за Бојан Христовски е донесена едногласно. За каков потенцијален судир на интерес зборуваме, во услови кога надзорот е извршен од друг орган“.

Текстот е сопственост на Независен 

Бојан Христовски ДКСК Цвета Ристовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 19, 2026Updated:July 19, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

ВЕСТИ July 19, 2026

Иран соопшти дека рамковниот договор со Соединетите Американски Држави повеќе не важи, објави иранската агенција…

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026

Брисел: Марко Маковец во името на ЕУ ќе го мири Балканот

July 18, 2026

ЕК за Македонија: Мешање и притисок врз судството

July 17, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.