Author: Marija Todorovska
“Тргуваме” ли ние со овој услов од сферата на човековите права или “се ценкаме” како на пазар? Ние вам “вашите Бугари” во устав, вие нам “гаранции”. Уште да се обзнанеше најголемата тајна: “гаранции за што (или кого)”, па да ја спуштиме завесата на сцената. На нашите животи и иднина. Освен што Бугарите се еднакво наши граѓани, како и “гаранциите” со непознато потекло.
Насловот е на еден мој сограѓанин со кој стоевме во ред да купиме она што од дома ни е порачано. На прашањето ќе помогне ли кошничката на Владата тој одговори: ооо, вол со шарвeтка (салфетка)се покрива ли? Како хор е гласното размислување на сите купувачи: „место да поефтинат потребните продукти поскапеа“.
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против неколку лица и правни субјекти за злоупотреба на службена положба и овластување, како и за злоупотреба на постапката за јавни набавки во врска со случајот „Државна лотарија“. Според пријавата, буџетот бил оштетен за над 22 милиони денари.
За дочек на Новата 2025 година на градскиот плоштад „Македонија“ во Скопје ќе настапат ,,Sarah Mace & The Girlzz”, „Љубојна“, „Ареа“ и „Нокаут“.
ВМРО ДПМНЕ, истовремено, треба да го потсмири во настапите пратеникот – портпарол Петрушевски, со неговите потценувачки изјави кон опозицијата и неизговарањето на М (Македонија) во името, на СДСМ.
Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, потврди дека има лице од институцијата поврзано со случајот „Државна лотарија“ кое треба да биде спроведено во обвинителство.
Азербејџан одбележува Ден на жалост откако патнички авион на локална авиокомпанија се урна во близина на брегот на Каспиското Море. Властите ширум Азербејџан, Казахстан и Русија го истражуваат принудното слетување во средата наутро во кое загинаа најмалку 38 луѓе.
За ТОЕФЛ уверението за англиски јазик добиено од школа во Пловдив, Бугарија која немала таква дејност, членката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Цвета Ристовска кажа дека Обвинителството е тоа кое има надлежност да проверува валидност на ТОЕФЛ-сертификати.
– Неколку стотици студенти утрово тргнаа од кампусот на Универзитетот во Нови Сад во протестна прошетка низ градските булевари, блокирајќи една од најпрометните крстосници во близина на трговскиот центар „Променада“.
Претседателот на Собранието Африм Гаши на денешниот брифинг со новинарите истакна дека ќе се консултираат со Уставниот суд ако правни експерти сметаат дека е противуставно и противзаконски Парламентот да ги разреши членовите на Судскиот совет кои се избрани од Собранието за правнички да не згрешиме. Не се исклучува можноста да почне постапка за разрешување на пет члена на Судскиот совет избрани во Собранието.
Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова донела одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за одликувања и признанија.
