Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ГОРДИЕВ ЈАЗОЛ: Инкриминирана диплома на Бојан Христовски, факултетот за туризам „Скопје“ и мистериозната смрт на деканот Кожухаров, Антикорупциска и Цвета Ристовска

0
By Marija Todorovska on December 26, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 26, 2024 13:09

За ТОЕФЛ уверението за англиски јазик добиено од школа во Пловдив, Бугарија која немала таква дејност, членката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Цвета Ристовска кажа дека Обвинителството е тоа кое има надлежност да проверува валидност на ТОЕФЛ-сертификати.

Драган Мишев

Дали замрсеното клопче што како Гордиев јазол е обвиено околу наводните фалсификувани сертификати и дипломи на директорот на АНБ, Бојан Христовски, во кои длабоко е вплеткан и приватниот Универзитет „Скопје“, со најновите настани ќе почне конечно да се отплеткува, или дополнително ќе се заплеткува?

Двата главни актера кои се наоѓаат во средиштето на „аферате“ која ја бранува јавноста последниве денови околу ова прашење се членката на ДКСК, Цвета Ристовска, и можноста за судир на интереси за предметот кој  водеше за дипломите на директорот на АНБ, Бојан Христовски, издадени од универзитетот каде буквално до вчера во списокот на наставен кадар фигурираше споменатата членка на ДКСК, и Сашо Кожухаров, поранешен декан на истата образовна инсттуција, чија мистериозната смрт ја истражува ЈО, и чиј потпис стои на инкриминираната диплома на Христовски.

Вчера Приватниот Универзитет „Скопје“, поранешен Универзитет за туризам и менаџмент ја отстрани од списокот на наставниот кадар сликата на Цвета Ристовска која од ДКСК беше назначена да го води предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски, каде дел беше и претставка за факултетската диплома на Христовска добиена од овој  универзитет во време кога дел од наставен кадар била токму Цвета Ристовска.

Откако Телма испрати прашање до ДКСК за можен судир на интереси на Ристовска во предметот, Комисијата ги одмолча прашањата произлезени од информациите објавени на веб сајтот на ДКСК и на Универзитетот за менаџмент и туризам. Но, потоа прати демант во кој тврдеше дека нема никаков судир на интереси без да објасни од каде им е таков заклучок и кој, како и кога ја спровел законската процедура за проверка на судир на интереси за Цвета Ристовска.

ДКСК тврдеше дека имале техничка грешка на нивниот сајт, каде до вчера во биографијата на Ристовска стоеше дека е ангажирана како наставен кадар на приватниот Универзитет. Нејзината слика стоеше и на страната на Универзитететот повеќе од десет месеци по нејзиниот избор за член на ДКСК. Беше избришана дури вчера, откако ДКСК испрати допис до медиумите насловен Демант, во кој стои дека „тоа што на веб страната на ДКСК во делот на нејзината биографија стои дека магистерските студии се тековни, е техничка грешка“ и ја обвини ТВ Телма дека не им се јавиле да проверат дали податоците од двете веб страници се грешни.

Сепак, во официјалната биографија на Ристовска, која во пдф формат е поставена на вебстраната на ДКСК, на страна 2 во делот „Образование и обука“ стои дека од 28.04.2011-тековно е магистер по економски науки на Универзитет за туризам и менаџмент. Во сегментот „Публикации, Презентации, Проекти, Семинари, Конференции“ во биографијата, на страна 6 стои „Спроведување настава од наставен предмет – ревизија, Универзитет за туризам и менаџмент, Скопје, 2012 година-тековно“.

Во април, Универзитетот преку својата официјална инстаграм страна и го честиташе роденденот на колешката М-р Цвета Ристовска.

Предметот за директорот на АНБ, Бојан Христовски ја вклучува и претставката за неговата факултетска диплома, добиена на факултет и универзитет каде во тоа време дел од наставен кадар била токму Цвета Ристовска. Токму нејзе ѝ бил доделен предметот за Христовски, во кој по анонимна претставка беше оспорена и факултетската диплома на Универзитетот „Скопје“. Таа на седницата на Антикорупциска рече дека случајот е чист според известувањето на Просветниот инспекторат.

На 24 декември Антикорупциската комисија едногласно одлучи дека директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски ги исполнува сите услови за да биде директор на Агенцијата. Државниот просветен инспекторат, Дирекцијата за класифицирани податоци, МВР и други институции, одговориле дека и дипломите, и 240-те стекнати кредити, и работата на приватниот универзитет за туризам и менаџмент му се по закон.

За ТОЕФЛ уверението за англиски јазик добиено од школа во Пловдив, Бугарија која немала таква дејност, членката на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Цвета Ристовска кажа дека Обвинителството е тоа кое има надлежност да проверува валидност на ТОЕФЛ-сертификати.

Околу Економскиот факултет „Скопје“и неговиот наставен кадар и дипломата која  директор на АНБ, Бојан Христовски, ја добил откако лани летоска го завршил овој факултет, деновиве во јавноста кружи уште една контроверзност. Имено, Обвинителството ја истражува причината за смртта на 64- годишниот професор и   поранешен декан на Економски факултет и Проректор за наука и развој на Универзитетот „Скопје“, Сашо Кожухаров, кому Цвета Ристовска му била асистент, откако на 16-ти декември беше пронајден мртов во својот автомобил во водите на Црна Река, на територија на Општина Росоман.

Токму потписот на Кожухаров, како декан на Економскиот факултет, заедно со потписот на сопственикот на Универзитетот, Аце Миленковски, стојат на дипломата на директорот на АНБ.

Текстот е сопственост на ЦивилМедиа 

Бојан Христовски Диплома ДКСК Цвета Ристовска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 16, 2026

Работниците во македонската култура: Многу лоша улога Министре

ВЕСТИ April 16, 2026

Под мотото дека молчењето е злочин кон сопственото достоинство, Синдикатот на културата на Република Македонија…

Трамп објави десетдневно примирје меѓу Израел и Либан

April 16, 2026

Полска бара Унгарија итно да ѝ ги испорача пребеганите функционери обвинети за криминал

April 16, 2026

Во сенката на иранската криза Русија континуирано ја напаѓа Украина

April 16, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.