Author: Marija Todorovska

По јулските проекции, филмската ревија во Кинотека во чест на јубилејот – 75 години од основањето на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) продолжува денеска со „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, а во деновите што следуваат публиката ќе има можност да ја проследи јубилејната филмска ревија од избрани македонски филмови кои оставиле длабока трага во нашата кинематографија.

Read More

Копенхашките критериуми во минатото овозможија многу успешно проширување на ЕУ и процесот на прием на нови членки треба да продолжи да се гради врз нив, бидејќи владеењето на правото и демократската отпорност се клучни за кредибилен процес на проширување, порача денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Read More

На денешното рочиште за случајот „Штекли“, поврзан со организирана продажба на дрога во скопската населба Аеродром, пред Основниот кривичен суд Скопје треба да се соочат психијатриските вештачења доставени од одбраната и обвинителството за обвинетиот Раде Трајковски – Штекли.

Read More

Судењето против Зоран Јованов, татко на Васил Јованов, кој во јануари годинава, управувајќи автомобил без возачка дозвола и под дејство на алкохол, удри во пешакот Фросина Кулакова која почина на самото место, продолжува денеска пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Read More

До вчера на полноќ до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија (ДИК) доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје и 68 иницијативи за предлагање на листи на советници за советите на општините и советот на Град Скопје.

Read More

Женева: Секоја стота смрт во светот е предизвикана од самоубиство, предупреди денеска Светската здравствена организација (СЗО) и изрази жалење за недостатокот на напредок во борбата против една од главните причини за смрт кај младите.

Read More

Согласно член 2, став 1 од Законот за субвенциониран студентски оброк („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20, 150/21, 251/22, 91/23, 30/24 и 74/25), износот на субвенциониран студентски оброк се усогласува во согласност со инфлациската стапка после секоја фискална година, а пред донесување на републичкиот Буџет за следната година. Последен пат, висината на сумата за субвенционираниот оброк се промени во 2023 година од 120 на 140 денари, се вели во соопштението од националното студентско тело.

Read More

Пет независни кандидати за градоначалник и три независни советнички листи биле доставени до подрачното одделение на Државната изборна комисија во Струга, потврдија од ДИК-Струга.

Read More

Општина Кочани доби уште еден независен кандидат за градоначалник. После Венко Крстевски, актуелен в.д. на таа функција, кандидатура поднесе и Зоран Тодоров, чие име беше спомнувано како можен кандидат за градоначалник на една од двете најголеми партии во државата.

Read More

Судечкиот совет во Кривичниот суд денеска го одби предлогот на обвинителството за спојување на постапките во случајот „Адитив“, кој се однесува на злоупотреби во државната компанија ЕСМ и фиктивни тендери вредни милиони евра. Според судот, спојувањето би довело до непотребно одолговлекување и би ги ставило обвинетите во потешка положба.

Read More

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинарите и медиумските работници (ССНМ) со сериозна загриженост ги следат информациите поврзани со можни случаи на незаконско следење на новинари и медиумски работници во периодот 2019–2024 година, за што јавноста беше информирана неодамна преку брифинг за новинари од страна на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Дополнително, премиерот како и директорот на АНБ во понеделникот јавно упатија повик до Јавното обвинителство да реагира и да го расчисти случајот за овие наводи.

Read More

Прегледите на активностите на лидерите во последните денови покажаа моќно другарство меѓу собраните, при што индискиот премиер Нарендра Моди и Путин ентузијастично го поздравија Си, Моди го прегрна Путин, а лидерите се посегнаа да го поздрават рускиот лидер додека тој одеше рамо до рамо со Си.

Read More