Author: Marija Todorovska

Загрижувачко е нивото на неамбициозност и незаинтересираност на жените да учествуваат во политички живот на државата, истакна Александра Јовевска Ѓорѓевиќ, која го изработи истражувањето на ОБСЕ „Учество на жените од заедниците во политичкиот и јавниот живот во Северна Македонија“. Ова, како што кажа таа, пред се го препишуваме на стегите кои се присутни во нашето општество и ги обесхрабруваат жените да го преземат тој кариерен пат во нивниот живот.

Read More

Загреб: Во меѓународна операција која ги опфати Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија, е разбиена криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Европската Унија, соопшти Европол.

Read More

Овие 30-ина години кои, уште повеќе, во голема мерка се квази-претстава за демократија се кратка временска отсечка во вековните системи на форми на тиранија кои овде дивееле и еве, сеуште дивеат. Недостасува сеприсуство на демократски модус на мислење, самосвест за скапоценоста на слободата на мислење, слободен говор, чувство за живот во вистинско демократско општество и држава.

Read More

По неодамнешениот концерт на Дино Имери во Белград, каде настапи со уште двајца врвни музичари – Роман Симовиќ на виолина и Драган Ѓорѓевиќ на виолончело, а кој заврши со стоечки овации во преполната сала во „Коларац“, нашиот пијанист приредува уште еден мошне значаен настан. Станува збор за „Недела на Бах“, којшто на различни локации во Скопје ќе се случува од 2 до 7 декември. 

Read More

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во својата најнова книга „Слобода:Мемоари 1954-2021“ го споменува поранешниот премиер Зоран Заев како единствен државник од регионот.

Read More

Во првата недела од декември ќе се одржи Економско-социјалниот совет на кој, според најавите на министерот за економија Бесар Дурмиши, ќе се разговара за зголемувањето на минималната плата. Министерот Дурмиши денеска изјави дека во Буџетот се предвидени пари за оваа намена, но дека треба да се разговара со сите засегнати страни колкаво би било зголемувањето. Од Сојузот на синдикати, кои на првомајскиот протест побараа зголемување на сите плати, вклучително и на минималната плата на 450 евра, велат дека аргументите се на нивна страна.

Read More

Брисел:  Европската комисија ги објави овогодишните добитници на новинарските награди именувани по поранешниот потпретседател на ЕК и поборник на слободата на изразување и на човекови права „Лоренцо Натали“.  

Read More

Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина утрово се најде на врвот на листата на светски градови со најзагаден воздух, покажуваат податоците на порталот „IQAir“. Квалитетот на воздухот во главниот град на Босна и Херцеговина е оценет како „опасен“, со индекс на квалитет 312.

Read More