Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Објавени добитниците на новинарските награди на ЕУ „Лоренцо Натали“ за 2024 година

0
By Marija Todorovska on November 27, 2024 ТИКЕР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 27, 2024 10:50

Брисел:  Европската комисија ги објави овогодишните добитници на новинарските награди именувани по поранешниот потпретседател на ЕК и поборник на слободата на изразување и на човекови права „Лоренцо Натали“.  

„Наградата за најдобар новинар во подем“ ја доби Џамаима Африди за нејзината истражувачка сторија за предизвиците со кои се соочуваат авганистанските бегалци во Пакистан, особено жените кои се соочуваат со најголеми последици од враќањето на Талибанците на власт во Авганистан.

– Нејзиното известување фрла светлина на нивните борби за домување, здравство и вработување. Нејзината влијателна истражувачка сторија, насловена „Додека Пакистан ја почнува втората фаза на депортација, авганистанските жени стравуваат од она што претстои“, беше објавена во медиумот „Зора“, се наведува во образложение на наградата.

Добитници на „Наградата за истражувачко новинарство“ се француските новинари Матилде Кузан, Манон де Куе и Мартан Будо за сторијата „Оружје, токсичното наследство“ емитувана на Француската телевизија.

– Нивната сторија се фокусира на ризиците по животната средина од неексплодираните бојни средства и воениот отпад во Нормандија, нагласувајќи ја потребата од итна акција за справување со ова токсично наследство, се потенцира во одлуката за доделување на оваа награда.

„Наградата за репортажа“ им е доделена новинарките Габриела Рамирез и Тина Ксу за нивната репортажа „Вдовица од границите на Европа“ објавена во „Енбaјeсд Њуз“.

– Нивната привлечна статија ги истакнува личните приказни на семејствата погодени од предизвиците со кои се соочуваат на европските миграциски рути, нагласувајќи го емоционалното влијание на загубата и разделбата, се истакнува во образложението на наградата.

Добитник на „Специјалната награда за фотоновинарство“ е Биенвенидо Веласко за неговото дело „Социјалните мрежи и измамата што поттикнува илјадници мигранти да минуваат преку јазот Дариен“ објавено од шпанската новинска агенција ЕФЕ.

– Ова дело ја открива суровата реалност со која се соочуваат мигрантите кои минуваат преку опасниот јаз Дариен (на колумбиско-панамската граница), водени од лажни ветувања што се шират на социјалните мрежи. Тоа ја нагласува потребата од поголема свест и поддршка за ранливите популации кои преземаат такви ризични патувања, се вели во образложението на наградата.

На конкурсот за овогодишните награди „Лоренцо Натали“ се пријавиле над 1200 новинари од целиот свет. Претселекцијата ја извршија четири факултети за новинарство – Португалскиот католички универзитет, шпанскиот Универзитет од Навара, либанскиот Универзитет Сен Жозеф од Бејрут и белгискиот Колеџ Весалиус, додека лауреатите ги избраа жири составено од пет меѓународно познати експерти од светот на новинарството: Индеј Еспина-Варона, Стефани Глински, Нтибињане Алвин Нтибињане, Делија Родригез и Артур Ромеу.

Наградите „Лоренцо Натали“ се доделуваат од 1992 година за извонреден придонес на новинарите кон професијата, за посветеност на основните вредности на новинарството и клучните прашања, како што се нееднаквоста, сиромаштијата и климатските промени, како и на важноста на образованието и значењето на човековите права во современото општество.

ЕУ Лоренцо Наталаи новинари новинарски награди
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.