Author: Marija Todorovska

Сараево:  Автопревозниците во Босна и Херцеговина денеска започнаа протест со блокади на патишта, царински терминали и гранични премини, предизвикувајќи значителни сообраќајни метежи, особено во главниот град Сараево, соопштија од Конзорциумот за логистика на БиХ.

Read More

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска даде поддршка да се обезбедат 15 милиони евра заем како дополнително финансирање со кое ќе се овозможи реализација на Проектот за унапредување на основното образование.

Read More

Британскиот весник Фајненшл тајмс денеска објави дека Русија најверојатно стои зад прекинот на GPS сигналот кај авионот со кој претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, патувала од Варшава кон бугарскиот град Пловдив.

Read More

Секоја земја избира дали сака да се приклучи на ЕУ или не. Проширувањето е во интерес на Унијата – посилна, побезбедна и поконкурентна ЕУ значи посилна Европа во светот, изјави Фон дер Лајен за време на нејзината посета на фабриката за одбрана ВМЗ во Сопот, Бугарија.

Read More

Денеска, 1 септември, кога официјално започнува новата учебна година, средношколци од неколку градови во Србија, со поддршка на родители, наставници и ученици во блокадата, излегуваат на улиците за да одбележат 10 месеци од трагедијата на Железничката станица во Нови Сад, кога падот на настрешницата одзеде 16 животи, меѓу кои и две деца, пренесува Нова.рс.

Read More

Обвинетите во случајот „Геријатрија“ пред Основниот кривичен суд Скопје денеска се изјаснија дека не се чувствуваат виновни за делата што им се ставаат на товар. Мухсин Арифи, директор на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина, се гони за примање поткуп, додека, Блерим Амити е обвинет за примање награда за противзаконито влијание.

Read More

Северна Македонија се позиционира на 51. место на Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година, со резултат од 1,799, што претставува пад од четири позиции во однос на минатата година, според извештајот на Институтот за економија и мир (IEP).

Read More

Американски судија привремено го блокираше обидот на администрацијата на Трамп да депортира десетици гватемалски деца без придружба назад во нивната матична земја, пренесува BBC.

Read More

Најмалку 622 лица загинаа, а повеќе од 1.500 се повредени во силниот земјотрес со јачина од 6,0 степени што синоќа нешто пред полноќ го погоди источниот дел на Авганистан, соопшти утринава авганистанското Министерство за внатрешни работи кое е под контрола на талибанците.

Read More

ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува четвртиот циклус од кампањата „Читаме современи македонски автори“ со романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска како книга на месецот, а разговорот со авторката ќе се одржи в среда (3 септември) во 19 часот во спомен-собата „Т’га за југ“. 

Read More

Нов Правилник стапува во сила денеска со којшто се воведуваат новини и европски стандарди за одобрување на типот на возилото, единечното одобрување на возило, идентификацијата, оцената на техничката состојба и издавање на потврди за исполнетост на техничките барања за возилата.

Read More

Горан Волканоски: За државнички политики треба државништво, треба карактер, треба љубов кон државата која се води. И она што е клучно. Да се стават државните интереси над партиските. Вмро-дпмне, минативе 35 години покажа дека никогаш не ги ставала државните интереси на прво место. И, после сите нивни политички потези, дефинитивно покажуваат дека не сакаат еден ден Македонија да стане членка на ЕУ. Причините се јасни. Евроинтегративниот процес го оневозможува создавањето на авторитарно владеење, евроинтеграциите продуцираат создавање на институции кои ќе функционираат во интерес на граѓаните, а не во интерес на партиите. И на крај, во едни такви општествени околности, лажниот…

Read More