Author: Marija Todorovska
Членките на Северноатлантската алијанса треба да ја забрзаат процедурата за Украина да стане полноправна членка на НАТО што е можно поскоро, се наведува во резолуцијата усвоена на пленарната седница на Парламентарното собрание на НАТО.
Самитот на Западен Балкан против расната дискриминација е годишен настан кој ги обединува владите, граѓанските организации, независните експерти и заедниците за колективно да го решат прашањето за расната дискриминација на ромските, ашкалиите и египетските заедници во регионот.
Сараево: Во зградата каде што се наоѓаат Кантоналниот суд во Сараево и Општинскиот суд Сараево, утрово е пријавено дека е поставена бомба.
Белград: Во Специјалниот суд во Белград денеска треба да почне судењето на 20 членови на организираната криминална група позната во јавноста како „Балкански картел“, осомничени за меѓународна трговија со околу седум тони кокаин.
Центарот за современи уметности САС со нова урбана герила акција „Марсовци скенираат и се борат против корупцијата во Македонија“ .
Во Дирекцијата на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ во Автокоманда денеска ќе бидат примопредадени шест нови еколошки автобуси на компримиран природен гас. Автобусите се донација за возниот парк на ЈСП од Европската Униуја преку проектот „ЕУ за чист воздух“.
Скопје: Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини, соопшти АМСМ.
ЈП Лајка испрати соопштенија со кое апелира до граѓаните да не ги напуштаат малите кучиња пред нивната врата, потсетувајќи дека според според законот за заштита и благосостојба на животните, член 26, напуштањето домашни миленици е забрането.
Ноќеска, на 25 ноември 2024 година, околу 3:30 часот по полноќ, непознато лице насилно влегло во Адвокатската комора на Република Северна Македонија и предизвикало пожар. Пожарот билбрзо изгаснат од противпожарните екипи. Меѓутоа, предизвикана е значителна материјална штета, нема човечки жртви.
Пред точно 85 години, на денешен ден, 25 ноември во 1939 година во печатницата на Драгутин Шпулер во Самобор, Хрватска, испечатена е стихозбирката „Бели мугри“ на Коста Солев Рацин, македонскиот поет, револуционер и основоположник на современата македонска литература и книжевност.
Граѓани добиле лажни е-маил пораки во име на Фондот за здравствено осигурување, од ФЗО апелираат да не се наседнува на лажните пораки, за да не бидат злоупотребени лични податоци и трансакциски сметки.
Каиро: Египетските власти соопштија дека 28 лица се спасени, а 17 се водат како исчезнати откако туристички брод потона во Црвеното Море.
