Author: Marija Todorovska

 Независниот синдикат на професионални војници до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против поранешната  министерка за одбрана Славјанка Петровска поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик и го повика актуелниот министер Владо Мисајловски на социјален дијалог за решавање на проблемите на професионалните војници. Во спротивно најавуваат протест.

Read More

Будимпешта: Највисоките функционери на Европската унија покажаа мала загриженост поради распадот на германската коалициска влада и можноста за предвремени избори во најголемата земја-членка на блокот, јави ДПА.

Read More

Забавување на инфлацијата и послаб раст на домашната економија за оваа и за следната година во споредба со априлските согледувања, предвидува Народната банка. Според есенските макроекономски проекции, за оваа година економскиот раст е проектиран на 2,3 отсто, а за наредната на 3,3 проценти. На среден рок, оцените за растот се непроменети. Во периодот 2026 ‒ 2027 година се очекува натамошно забрзување на растот, согласно очекувањата за поповолен надворешен амбиент и засилени инвестициски активности поврзани со подолгорочниот карактер на јавниот инфраструктурен циклус. Ризиците за растот и натаму се нагласени и претежно надолни.

Read More

Денко Малески: Тоа е решението кое не и дозволува на Бугарија да не закочи во преговарачкиот процес, како што тоа го стори Грција. Евидентно е дека Бугарија попушти под притисок на Париз и Вашингтон а политичарите кои беа на власт во тоа време покажаа зрелост каква ретко се среќава на Балканот. За прифаќањето на „францускиот предлог“ од страна на бугарската влада и гласањето во парламентот од водечките партии требаше да се плати цена која безмалку никој не сака да ја плати во политиката: губење на власта.

Read More

Тоа што и натаму, според Изборниот законик, парите за политичко рекламирање им се делат на интернет-портали без никакви критериуми, е сериозен проблем, за што медиумскиот невладин сектор и СЕММ имаат реагирано, но засега без промени во оваа пракса.

Read More

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека Државниот просветен инспекторат постојано работи по сите пристигнати пријави, при што се утврдени одредени нерегуларности кај некои универзитети.

Read More

Пожарот во депото на „Македонски железници-Транспорт“ е изгаснат, се работи на расчистување на теренот, информира за МИА командантот на Единицата за противпожарна заштита на Град Скопје, Звонко Томески.

Read More

Лондон: Осум земји, вклучувајќи ги Панама, Уганда, Шри Ланка, Киргистан, Бурунди и Чешка, најавија дека ќе забранат физичко казнување на деца. Активистите тоа го нарекоа „фундаментална промена“ која ќе влијае на повеќе од 100 милиони деца ширум светот, пишува Гардијан.

Read More