Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Предметот македонски јазик влегува во редовната наставна програма на Факултетот за странски јазици во Тирана

0
By Marija Todorovska on November 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 7, 2024 12:18

Предметот македонски јазик влегува во редовната наставна програма на постдипломските студии на Факултетот за странски јазици во Тирана.

– Се работи за нова, современа, иновативна и интердисциплинарна насока на постдипломските студии „Интеркултурна тријазична комуникација во туризмот”. Во рамки на оваа насока, студентите избираат три од понудените јазици, кои се изучуваат паралелно со совладување на нивниот социо-културен контекст, објави весникот „Илинден”.

Целта на наставната програма на овие постдипломски студии е создавање на висококвалификувани кадри кои со својот космополитски и полиглотски поглед на светот, ќе ги разбиваат јазичните бариери и ќе создаваат нови мостови меѓу културите преку туризмот.

Според објавата на факултртот, студиската програма за магистерски науки по „Меѓукултурен јазик и комуникација и тријазичен туризам“ (2 години, 120 кредити) доаѓа со иновација за академската 2024-2025 година.

-Оваа целосно реструктуирана програма благодарение на соработката со бизнис и туристичката индустрија во земјава, странските партнерски универзитети и меѓународните експерти во оваа област е златна можност за сите студенти кои имаат страст за комуникација, странски јазици, култура, патување и туризам, наведува Факултетот.

Новата наставна програма е во согласност со највисоките стандарди на оваа струка и ќе биде изработена на  три странски јазици. Модулите кои се нудат врз основа на компетенции и проектот им даваат повеќе простор на професионалните и технолошките вештини на студентот. За првпат стручната пракса ќе се протега во текот на три семестри со што студентот ќе има можност да биде поблиску до професијата и пазарот на трудот.

-Иницијативата за повторно отворање Лекторат по македонски јазик во Тирана беше отпочната во декември минатата 2023 година, кога беше остварен работен состанок меѓу директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј” во Скопје, проф.д-р Весна Мојсова-Чепишевска и претседателот на Македонското друштво „Илинден” во Тирана, Никола Ѓурѓај. Тогаш беше и доставено барање до УКИМ за отворање на Лекторатот на Факултетот за странски јазици во Тирана, наведува весникот „Илинден”.

македонски јазик Тирана Факултет факултет за странски јазици
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии, инциденти, анкети со различни резултати

October 24, 2026

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.