Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Независниот синдикат на професионални војници со кривична пријава против Славјанка Петровска

0
By Marija Todorovska on November 7, 2024 ВЕСТИ
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 7, 2024 13:35

 Независниот синдикат на професионални војници до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против поранешната  министерка за одбрана Славјанка Петровска поради основано сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ од член 353 од Кривичниот законик и го повика актуелниот министер Владо Мисајловски на социјален дијалог за решавање на проблемите на професионалните војници. Во спротивно најавуваат протест.

Според претседателот на Синдикатот на професионални војници Александар Насковски, проблемот трае 11 месеци и е наследен од претходниот министер, а доколку во најбрз рок не се реши, професионалните војници ќе излезат на протести пред Владата како во 2009 година.

–  Треба да има социјален дијалог, а не да се блокира и краде Синдикатот. Професионалните војници бараат решавање на нивниот статус, право на пензионирање по 45 години и трансформирање на работниот однос на неопределено време, изјави Насковски.

Пријавеното лице, како што информираше Насковски денеска на прес-конференција пред ОЈО Скопје, во периодoт од 1 декември 2023 до 28 мај 2024 година го сопрела функционирањето на Синдикатот спротивно на Законот за работни односи, ја сопрела уплатата на членарината спротивно на Колективниот договор на МО и го замрзнала членството и со сето тоа, како што нагласи, го спречила синдикалното движење и неговото работење за подобрување на правата на припадниците на Армијата.

–  Како моментално најкорумпирана институција во која за период од девет месеци се направија три фалсификати од страна на криминалната група е Министерството за социјална политика, демографија и млади. Овие фалсификати ги потпишаа три различни министри и се спроведоа во Министерството за одбрана. Тој криминал е наследен од претходниот министер и трае и до ден денеска во рамки на МО, изјави Насковски.

Во која НАТО Армија, праша Насковски, синдикатот е блокиран, не се почитуваат одлуките на претседателот и средствата се префрлаат на друга сметка и на друго лице.

– Цврсто сме убедени дека министерот за одбрана е добро изманипулиран од структури во Министерството, кои од многу одамна делуваат и секогаш се појавуваат кога се во прашање професионалните војници и нивниот синдикат. Секогаш кога професионалните војници ќе побараат права ги опструираат од овие структури во Министерството и Армијата и од дел од другите синдикати. Се надеваме дека министерот за одбрана веднаш ќе го разреши овој криминал и нема да премолчи пред овие лица кои се уште се во МО, а токму тие го советуваа претходниот министер да направи вакви кривични дела, изјави Насковски.

Посочи дека се обратиле до министерот за одбрана, но како што рече, 130 дена не се повикани на разговор.

–  Се обративме трипати до премиерот, добивме двапати половичен одговор дека министерството треба да ни одговори за проблемите, но министерството никако не одговара. Се обративме до Врховниот командант, Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, каде што досега не добивме одговор за да ги соопштиме нашите проблеми, изјави Насковски.

армија Кривична пријава ОЈО Славјанка Петровска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
shortcut
ФОКУС
July 5, 2026

Газдите што отпуштија работници и ги заменија со вештачка интелигенција веќе зажалија

ВЕСТИ July 5, 2026

Компаниите што ги отпуштија вработените врз основа на тоа дека нивните работни места ќе бидат…

НАТО ќе обезбеди 140 милијарди евра воена помош за Украина

July 3, 2026

Црна Гора легна на буџетот на ЕУ – за 6 години ќе добие 3.200.000.000 евра

July 2, 2026

Масовен руски напад врз Кијив

July 2, 2026
ТИКЕР

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026

Од март се враќа задолжителниот воен рок во Србија

June 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.