Author: Marija Todorovska
Платформата за родова еднаквост најостро реагира на предлогот на Министерството за образование и наука за Закон за изменување и дополнување на Законот за основно образование во кој го промени членот за заштита од дискриминација на начин што ги отстранува дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет. Со загриженост реагираат и на постапката на Министерството со која во Предлогот ја отстранило родовата еднаквост, заменувајќи ја со зборовите „еднакви можности“.
На првата седница наменета за пратенички прашања во новиот парламентарен состав, прв прашања кон премиерот Христијан Мицкоски постави лидерот на СДСМ, Венко Филипче. Tој се осврна на однесувањето на Мицкоски како премиер, наспроти неговите ставови кога беше опозиционер. Пратеникот и лидер на СДСМ го повика премиерот Мицкоски да го врати мандатот затоа што иако ветувал, сепак го користи уставното име на државата.
Мадрид: Бројот на жртвите од поплавите во Шпанија се искачи на 158, соопштија спасувачките служби.
Пратеникот Спасовски му врачи примерок на Мицкоски од изјавата на Божиновска за бугарската самосвест
Пратеникот на СДСМ Оливер Спасовски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, потсети на лицемерниот однос на ВМРО-ДПМНЕ во парламентот кога беше присутна претседателката на Европската комисија Фон Дер Лајен во однос на францускиот предлог, односно таканаречениот бугарски диктат и на променетиот став на власта денеска. Спасовски го праша Мицкоски дали ќе ја разреши министерката Сања Божиновска затоа што ја излажа јавноста за нејзиното бугарско државјанство.
Секое соучество на опозицијата во такво премолчано „национално единство” со Мицкоски за удел во параетничко владеење лесно ќе ја дисквалификува: и во Скопје и за Брисел и за Вашингтон, „еден Мицкоски е доволен“.
Правната рамка што ги регулира медиумите во Северна Македонија не е целосно усогласена со европското законодавство, особено со Европскиот закон за слобода на медиумите, се наведува во Извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата на европскиот пат за 2024 година во делот кој се однесува на медиумите и медиумските слободи.
Со четири гласа „за“, 10 „против“ и осум воздржани, Советот на Град Скопје денеска не ја изгласа иницијативата за мораториум за внесување нови животни во Зоолошка, поднесена од „Зелен хуман град“.
Брисел: Годишната стапка на инфлација во еврозоната според прелиминарната проценка се зголеми од септемвриските 1,7 отсто на два отсто во октомври, соопшти денеска Евростат.
Прашањето за уставните измени е директно поврзано со почитувањето на човековите права на сите заедници во државата. Во оваа смисла, апсурдно е Скопје да ги држи во заложништво правата на сопствените граѓани
Продолжувањето на пристапниот процес за Северна Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза дека ќе ги спроведе, изјави денеска портпаролката на Европската комисија за соседска политика, проширување и меѓународни партнерства Ана Писонеро.
Њујорк: Агенциите на ОН специјализирани за пружање помош во храна – Светска програма за храна, денеска издаде предупредување за опасни нивоа на глад кои се закануваат на 16 критични региони низ светот во наредните месеци.
