Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Платформата за родова еднаквост реагира на дискриминаторските политики на МОН

0
By Marija Todorovska on November 1, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, November 1, 2024 10:11

Платформата за родова еднаквост најостро реагира на предлогот на Министерството за  образование и наука за Закон за изменување и дополнување на Законот за основно  образование во кој го промени членот за заштита од дискриминација на начин што ги отстранува дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и родов идентитет. Со загриженост реагираат и на постапката на Министерството со која во  Предлогот ја отстранило родовата еднаквост, заменувајќи ја со зборовите „еднакви  можности“.  

„Овој чекор не претставува преседан. За жал, сексуалната ориентација и родовиот идентитет  не се вметнати како дискриминаторски основи ниту во Предлог законот за средно образование. Со овие одлуки МОН постапува спротивно на Законот за спречување и заштита од  дискриминација кој ги содржи дискриминаторските основи род, сексуална ориентација и  родов идентитет и кој налага законодавството да се усогласува со овие одредби“, велат од платформата. 

Платформата за родова еднаквост смета дека оваа постапката на Министерството праќа  јасна порака дека одредени групи не се заштитени од дискриминација, дури ни во  најсензитивните области, како што е образованието. Законот за основно образование се  менува со цел да спроведе пресудата на ЕСЧП- Елмазова и други против Северна  Македонија, со која требаше да се донесат законски измени за да се спречи сегрегацијата  на Ромите во основното образование. Платформата за родова еднаквост ја поздравува и  поддржува првичната намера за измена на Законот, но реагира на искористувањето на  една доблесна иницијатива за озаконување на дискриминацијата, и користење на истата  како параван за охрабрување на дискриминацијата врз основа на род, родов идентитет и  сексуална ориентација, како и за одржување на родовите стереотипи, насилство и  нееднаквост. За жал, констатираме дека ваквата постапка не враќа пред 1946 година, и  води единствено кон зацврстување на патријархалното насилство и континуираното  исклучување на најранливите деца. 

„Оваа постапка претставува најгрубо кршење на правата на децата, како и директно загрозување на нивниот ментален и физички интегритет. Кога институциите системски ќе исклучат и избришат одредени групи ученици, тогаш тие директно даваат сигнал дека се охрабрува понатомошното исклучување и опресија во општеството на овие групи. Дополнително, ваквите постапки им даваат сигнал на агресорите, од коишто жените, девојчињата и ЛГБТИ+ учениците трпат постојано насилство, дека нивните постапки се само продолжеток на тоа како институциите ги третираат овие групи, нормализирајќи го нивното насилство“, реагираат од платформата за родова еднаквост.

„Потсетуваме дека МОН има обврска да го усогласува законодавството со Законот за  спречување и заштита од дискриминација, што подразбира дека сите дискриминаторски  основи помеѓу кои родот, сексуалната ориентација и родовиот идентитет треба доследно  да бидат вметнати“, апелриаат од платформата за родова еднаквост. 

 

врсничко насилство дискриминација закон ЛГБТ МОН Платформа за родова еднаквост родова еднаквост
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.